Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде оди и каде нѐ води Мицкоски

0
By Marija Todorovska on August 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ерол Ризаов

Секогаш кога новата власт ќе направи грешка или ќе се соочи со сериозен проблем, кои се случуваат секој ден во кусото владеење со катастрофален старт, премиерот Христијан Мицкоски ќе фрли една медиумска бомба да го одвлече вниманието на друга страна. Што поголема грешка, толку поголема лажна експлозија.

Последниот обид да се прикријат катастрофалните потези на владата во низа, додека гори од пожари цел месец државата, е  дека ДУИ подготвува дестабилизација на Македонија  и нарушување на територијалниот интегритет. Завиваат вмровските сирени за тревога и мобилизација. Ечат повици за единство за одбрана  на Македонија од лошите Албанци стационирани во ДУИ. Добрите пак Албанци се со власта. Нешто слично како патриотите Македонци и предавниците Македонци. Другите каде и да се и со кого да се, не се битни.

Со други зборови, се подготвува граѓанска војна, за потоа да следува задолжителната утешителна порака –  владата и лично Мицкоски нема да го дозволат тоа.

Кој премиер во светот, освен нашиот, објавува јавно дека ѝ се подготвува дестабилизација на државата, ако не е застрашување на јавноста заради партиски интереси. Ако пак е вистина, тогаш, ова ли е начинот да се спречи распадот на државата со зборовите се подговува дестабилизација, ама не се плашете, ние сме тука, тоа нема да го дозволиме. ВМРО ДПМНЕ постојано нѐ спасува од домашните и надворешните непријатели.

Размислува ли Мицкоски, или тоа воопшто не му е битно, какви се последиците на еден пиширок план  од вакви шарлатански постапки кои можат да пламнат многу посилно и потрагичено од пожарите за кои се разбира е виновна преходната власт што оставила „пустош” да изгори и тоа малку што останало. Тоа ли е таа идеална клима и големите успеси што ги прават  Мицкоски и новата влада  за побрз економски, демократски и културен напредок на Македонија.

Бледа копија на Вучиќ и Орбан

Бев убеден дека  новата влада и премиерот Христијан Мицкоски  по победата на изборите ќе ја применат прагматичната политика на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. За тоа да го направат имаат комотно двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа политичка доктрина одамна позната во светот и секогаш актуелна е многу едноставна. Додека сте во опозиција следува постојан  жесток напад врз власта за предавство на националните и државни интереси  за тешките и непопуларни компромисни одлуки кои се стратегиски значајни за иднината на државата и граѓаните, за потоа кога ќе се освои власта да се прифатат сите договори  со образложение дека предавничките одлуки како што се договорите со Грција и со Бугарија ќе мора да се применуваат, бидејќи се донесени во Собранието и се  меѓународно признати.

Мислев дека така ќе се обидат да ги  неутрализираат големите  лаги што со години ѝ беа сервирани на јавноста и Македонија ќе ги продолжи преговорите со ЕУ по брзото усвојување на  уставните измени и ќе се постигне неопходниот консензус за спроведување на сложените реформи за членство во ЕУ.

Но, очиглено сум погрешил оти Мицкоски од ден во ден станува сѐ повеќе  бледа копија  на претседателот на  Србија  Александар Вучиќ  и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Христијан Мицкоски и Виктор ОрбанХристијан Мицкоски и Виктор Орбан
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор ОрбанФотографија: Regierung Nordmazedonien

И покрај апсолутната власт имајќи ја предвид Владата, Собранието, локалната  власт и претседателот на државата, во обид да се стави под контрола и судството и целиот правосуден систем, голем дел од највлијателните медиуми,  и натаму  постојано прогласува предавници, изроди и непријатели и  продолжува со популизмот  како да е во опозиција.

Премиерот Мицкоски си направил два аршина. Еден за дома кога храбро се спротивставува на силните светски држави кои ни прват со децении неправда помогнати од   домашните предавници, што му дава ореол на храбар и независен горд и достоинствен државник. А друг аршин за надвор каде  коленичи со лесно препознатливи   итроштини купувајќи скапоцено време на штета на државата, ветувајќи подобри договори  со мали козметички несуштински промени на веќе склучените и подобра преговарачка рамка со ЕУ. Ветува во Брисел дека ќе ги спроведе уставните измени, владата ќе работи силно посветена  на спроведување на реформите како што е веќе договорено. Тоа е начинот што го избрал Мицкоски  да се одбегнува одговорноста за вкупните состојби во земјата што ги има власта, но и за ветените лаги пред изборите.

Скапо и опасно одлагање на преговорите со ЕУ

По комичната загриженост за состојбите во опозицијата, се премина во решителна  борба против корупцијата и криминалот на поранешната власт. Затоа е потребно многу чесната влада да го обнови целокупниот правосуден систем со комплетна смена на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители, судии сѐ до Врховниот и Уставниот суд. Се удира по последиците наместо по причините. Се игнорира фактот дека состојбите во правосудниот систем се последица токму на притисокот на политиката врз овие институции кои треба да бидат целосно независни. Вработените во правосудниот систем на Македонија со промената на власта не се ослободија од политичкото влијание. Напротив, сега се под уште поголем притисок да одлучуваат како налага политиката отколку правото и правдата. Главниот аргумент за тоа на Мицкоски  е дека довербата во судството на јавноста е само два отсто и затоа треба да се поднесат безмалку  колективни оставки.

Притоа се замаглува фактот дека  недовербата во судството во најголем дел е токму поради диктатот на партизираната држава која својот најголем злосторнички подем го постигна во ерата на груевизмот чии последици уште  траат. Се разбира, никој не го праша Мицкоски зошто тој не поднесе оставка од функцијата претседател на ВМРО ДПМНЕ кога довербата во него ја имаа само пет – шест проценти од анкетираните граѓани.

Најважното стратегиско прашања за иднината на Македонија е спроведување на реформите кои се опфатени во преговорите со ЕУ за припадноста во европското семејство. Со доаѓање на власт на ВМРО ДПМНЕ тоа е префрлено како надворешно политичко прашање, а не како најзначаен внатрешно политички проблем од чие успешно решение се одредува  развојот на државата. Прикривањето на оваа вистина кај нас има друга цел која веќе се открива. А, тоа е одложувањето на преговорите со ЕУ. Читај одложување на спроведување на реформите за догодина, или уште подоцна по локалните избори и евентуално по уште едни предвремени парламентарни избори. Затоа се потребни нови петстотини, или многу веројатно цела  милијарда евра кредити  кои нема да бидат под строга финансиска контрола на заемодавачите, туку се резултат на една политичка зависност  на авторитарни држави чии фактури допрва ќе стасат како сакана награда за  една  спротивставена политика на ЕУ.  Одложувањето на преговорите со ЕУ е многу опасна и скапа работа која ја прави неизвесна иднината на Македонија. Тука треба да се бараат причините за можната дестабилизација на државата.

Колку блокади направи ВМРО ДПМНЕ

За да се забошоти оваа катастрофална грешка и натаму   гласно ќе се искажува припадноста на Европа и на ЕУ  дека сме Европејци не само географски, туку и економски, политички и културно, ама од друга страна дека ни се возвраќа понижувачки со неприфатливи  и навредливи компромиси. Притоа ја препознавам реченицата што често ја повторува премиерот Мицкоски: „со голема горчина да кажам дека држави кои направија многу помалку од нас станаа членки на ЕУ”. Така е, точна е таа констатација, но би требало да знае нашиот премиер како е тоа постигнато. Колку бил цврст консензусот во тие држави за членството во ЕУ и да не си ставаат политичките партии блокади на тој пат.

Колку блокади направи ВМРО ДПМНЕ под негово и под водство на Никола Груевски да ја спречат Македонија да ги оствари највисоките државни интереси, проповедајќи со лажен патриотизам за виската цена на остапките, а никогаш не ја пресметаа цената колку тоа ја чини Македонија и граѓаните што не станавме членка на ЕУ поради тие блокади уште пред 20 години и каква ќе беше Македонија денес ако одбележувавме 20 години членство во Унијата. И дали ќе бевме членка на НАТО ако не се склучеше Преспанскиот договор.

Тоа ќе бидат оправдувањата на Мицкоски  зошто  не сме доволно Европејци и што уште долго ќе бидеме Балканци. За жал,  не во позитивна смисла со сите наши посебности и дострели, туку во негативна смисла за балканските замрсени работи кои не можат  да се одмрсат, кои во Европа се нарекуваат „мацедонише цуштенде.“

Преземено: Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.