Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да му објаснам на детето што се етички вредности?

0
By Marija Todorovska on September 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
И сега – како да постапам, како да му објаснам на дете од 10 години, кога на првата страница во неговиот учебник воопшто не се среќава зборот „морал“ и изразот „морални вредности“, ниту се објаснуваат зборовите „морал“ и „етика“ како во учебникот „Етика во религиите“, каде што „Етиката е наука за моралот“?
И, ова се морални дилеми кои ми се јавуваат уште на првата страница од првата лекција. А што ли ќе следува кога ќе ја свртам страницата, во остатокот од учебникот од преку 150 страници?

Жарко Трајаноски

Отворив учебник „Историја и општество за V одделение“ да видам што ќе учи детето.
Во првата лекција „Етички вредности“ не се објаснува значењето на изразот „етички“.
Така, и на прашањето „Што се етички вредности?“ не се дава одговор, затоа што децата не знаат што значи зборот „етика“ и придавката „етички“.
По прашањето „Што се етички вредности?“ следи текст за „особини, постапки и однесувања“ кој не е прилагоден за деца од десет години. На пример, реченицата – „Понекогаш е тешко да се истакне и да се зборува за она што ни се допаѓа кај себе и она на што сме горди поради стравот да не изгледаме како фалбаџии, а и поради тоа што сме несигурни дали и како ќе биде прифатено од средината“. Ова е пример за апстрактна, конфузна и неразбирлива реченица, која нема никаква директна врска со прашањето „Што се етички вредности?“. По оваа реченица се зборува за „правилно, етичко однесување“, што внесува дополнителна збрка, затоа што прашањето е за етички вредности, а не за етичко однесување.
Дури во третиот параграф има некаков обид да се објасни што се тоа „вредности“ преку разликата вредности-норми: „Додека вредностите претставуваат идеи за тоа што е исправно или погрешно, нормите претставуваат правила на однесување што ги потврдуваат вредностите“. Но, дали нормите секогаш ги потврдуваат етичките вредности, или има и норми (правила и закони) кои отстапуваат од етичките вредности? Уште поголема збрка и збунетост.
Потоа следува реченица во која се прави дополнителна збрка затоа што се мешаат вредности и постапки: „Вредности кои се сметаат за етички (правилни) се: чесност: вистинољубивост, праведност. Наспроти нив се: лажење, уценување, подмитување, клеветење, неправда, кои се неисправни постапки.“
Наспроти чесноста е нечесноста, наспроти вистинољубивоста е невистинољубивоста, а наспроти праведноста е неправедноста. Овде се мешаат вредности и постапки, а како постапка е наведена „неправда“, што внесува уште поголема забуна.
И прашањата на почетокот на лекцијата се за особини, а текстот и лекцијата е за „етички вредности“, а целта е децата да препознаваат етички и неетички вредности.
Накусо, по читањето на првата лекција јас како родител сум ептен збунет.
Со оглед на тоа што имам диплома „професор по филозофија“, логично е детето да ме праша да му објаснам што се тоа етички вредности.
И сега – како да постапам, како да му објаснам на дете од 10 години, кога на првата страница во неговиот учебник воопшто не се среќава зборот „морал“ и изразот „морални вредности“, ниту се објаснуваат зборовите „морал“ и „етика“ како во учебникот „Етика во религиите“, каде што „Етиката е наука за моралот“?
И, ова се морални дилеми кои ми се јавуваат уште на првата страница од првата лекција. А што ли ќе следува кога ќе ја свртам страницата, во остатокот од учебникот од преку 150 страници?
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.