Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kако да се вклучите во хуманитарната акција Топлина за Украина

0
By Xhabir Deralla on January 23, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 23, 2026 15:01

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во координација со Амбасадата на Украина, по јавниот апел на министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција Топлина за Украина за прибирање средства и агрегати за снабдување со електрична енергија за домаќинствата, училиштата и болниците во земјата.

„Зимата се користи како оружје. Нашиот одговор е едноставен и човечки: топлина, грижа и заедничка одговорност – од луѓе за луѓе, преку границите“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Енергетската инфраструктура на Украина е под постојани и намерни напади. Струјата и греењето се уништуваат. Семејствата и децата се соочуваат со екстремни зимски услови.

Секој може да помогне на различни начини. Секој, и најмал износ е чекор поблиску до спасување на некое дете чиј живот е загрозен од смртоносниот студ.

Хуманите луѓе можат да донираат агрегати или парична помош за набавка на неопходната енергетска опрема за украинските семејства и заедници на кои им е најпотребна.

Информации и координација

За набавка или доставување на енергетската опрема, може да се контактира Иван Примаченко (ivan.prymachenko@mfa.gov.ua и на тел. +380 67 455 91 39 / WhatsApp, Viber или +389 70 771 474).

Донации

Парични средства во било кој износ може да се донираат преку Фондација Македонски Каритас Скопје, трансакциска сметка: 300000004360186, Комерцијална банка, со целна дознака: Помош за Украина.

Споделување

Од голема помош ќе биде и споделувањето на пораките од оваа кампања во лични, професионални и институционални мрежи со цел повикот да стаса до што е можно поголем број луѓе. Хаштаг: #ТоплинаЗаУкраина.

Ова не е обична донација. Ова е повик за солидарност со Украина и доказ дека зимскиот терор нема да ја скрши човечката солидарност.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
ФОКУС
January 24, 2026

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби

ВЕСТИ January 24, 2026

Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во…

Собрание на РСМ: Помина законот „Безбеден град“ – казните стартуваат на 1-ви февруари

January 23, 2026

Давос: Трамп од Гренланд доби тоа што САД и до сега го имаа – Европа конечно ѝ покажа заби на неговата вербална агресија

January 22, 2026

Лупинг во Давос: Трамп се откажа од царините за Европа – се крои план за Гренланд

January 21, 2026
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.