Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Мицкоски ја оставил Силјановска на лавот во Соренгети

0
By Marta Pesevska on April 14, 2024 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

FRONTLINE.MK

Бегајќи од Европската унија во изолација, Мицкоски и Силјановска завршиле во саваната на Соренгети во Танзанија.

Наеднаш почнал да им се приближува гладен лав. Гордана ја фатило паника, што бил многу лош знак за неа како иден врховен командант на оружените сили на Северна Македонија, но Мицкоски смирено почнал да си ги обува патиките за трчање. Силјановскаја го прашала: „Па, што правиш, човеку, зарем не знаеш дека лавот е побрз од човекот?“ А Мицко ѝ одговорил: „Да, драга моја, но јас немам намера да бидам побрз од лавот, туку од тебе!“

Хахаха!

Оваа приказна многу убаво го покажува недостигот на солидарност и последователниот раскол во општеството. И себичноста, не само на таканаречената десница, односно во наци секторот, туку и меѓу нив и нормалниот дел на Македонија.

Затоа што истиот гест босиот човек со патики би го направил и да била со него Македонија, а не Силјановска. Ми се чини  дека и жена си би ја оставил за да се врати во Нордот и да стане премиер.

Тој мисли дека тука живеат кучиња кои ја обожуваат слоновачата што им ја носи од Танзанија.

Се сеќавате на приказната во која Мицко и Груевски оделе на лов, можеби во истата савана? На излегување од џипот пукнала пушката на Груевски и тој паднал на земја, сиот облеан во крв. Мицко го извадил ајфонот и се јавил во Брза помош во Дар ес Салам: „Ало, имам мртов човек покрај џипот, што да правам?“

Од Болницата го прашале: „Сугурен ли сте дека е мртов?“

Потоа слушнале два истрела и одговор: „Сигурен сум!“

Во историјата на вмро сигурни биле само окупаторите. Не е забележан случај некој окупатор на Македонија да наебал од вморонски куршум. Не, тие самите си се давале како храна на себе си како умислени лавови, а многу често го покажувале и својот канибалски апетит: се тепале како муви и се јаделе како манекени.

Од фото сесиите по Витоша и Пирин Планина секогаш се враќале за неколку души помалубројни.

Знаете ли зошто четите навлегувале од Бугарија во Македонија. Од младата бугарска држава полна со национална енергија за афирмирање и ширење, со романтичен национализам и експанзионизам кој го контролирала само поради строгите одредби од Берлинскиот конгрес. Е, во таа и таква држава, мислат и учат Македонците, се формирале чети за национално ослободување на Македонците!

Ќе умрам од смеење!

Демек, тие чети навлегувале (Владо Поповски) во Македонија, тука ќе ги изеле сите прасиња во некое село, ќе ги изебеле жените на јатаците, па ќе избегале пред аскерот, горе во коријата. Турците ќе ја довршеле лапачката и ебачката, па ќе го запалеле селото, а четниците се враќале на безбедно во Бугарија.

Така нашите манекени се бореле за националната и државна реализација на македонскиот народ.

Се поставува прашањето какво ниво на инфантилност на страната на Македонците е потребна за да се прифати оваа неверојатна приказна како историски темел на постоењето.

Тоа е исто како комплетниот состав на Бугарската академија на науките денеска да навлезе во Македонија да го афирмира македонскиот јазик, македонската историја и националната посебност и потоа да се повлече на сигурно во Софија.

Или Радев да навлезе во Брисел и да се бори за влез на Македонија во Европската унија без одлагање и без какви било услови, дури и без преговори, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја киднапира Урсула фон дер Лајен, како на времето Јане што ѝ беше направил на мис Стон.

И сега, сто години потоа, тие лапачи, ебачи и пљачкаши, сакаат по втор пат да бидат власт во Македонија, а киднапираната Гордана да ја турат за претседателка со идеја да покажат дека Хорхе не е крајниот дострел на нивната кадровска крстозборка за уништување на претседателската институција како дел од планот за уништување на цела Македонија.

Сигурен сум дека се сеќавате на сите нивни подвизи.

Да речеме, новите техники на вмро-дпмне овозможија некои спектакуларни градби, всушност целиот центар на Скопје, би рекол, ликот на главниот град и на Македонија, да се покрие со сто слоја вморонски говна на кои беа залепени дебели стиропори во рок од неколку години.

Светски рекорд.

Се сеќавате на тоа злосторство?

Тој масакр и денеска е видлив од сите страни.

Од визурата на градот исчезнаа феноменалната зграда на Муличковски, прекрасното здание на бившата На-Ма на Брезовски, Мепсо и Поштата – најфеноменалните изрази на европскиот брутализам изложени дури во Њујорк, убавата и амблематска зграда на ЕСМ, велелепната зграда на Македонскиот народен театар (Скокалницата, како што ја викаа скопските сељаци и малограѓани).

Не ги урнаа, туку ги затрупаа.

Милион пати побргу отколку што на пустинскиот песок му беа потребни да ја покрие гробницата на Тутанкамон, а на малоазиските ветришта да нанесат доволно наноси за да ја покријат Троја со девет слоеви наслаги.

Ние сме генерацијата пред чии очи се одбиваше тој масакр.

Без отпор, што нашата срамота и одговорност ја прави уште поголема.

Но, ќе дојдат генерации кои ќе ги побараат своите Картери и Шлимани да го откријат вистинското Скопје.

Под големите наслаги на вморонски говна  ќе си го откриеме богатството, златната маска, и ќе ги тргнеме сите будалаштини кои требаше да го олеснат прифаќањето на новиот изглед на градот: идиотски споменици, сите по ред, од Ченто преку Гоце и Даме, Александар, Филип, Триумфекалната капија, Карев и најглупата пластика на Асном.

Бројните глупантропски палсти сосе штабквартирата на Злото.

Македонските Визиготи од Вмро мислеа дека ја покриваат комунистичката архитектура. Тие бегаа од современа и афирмирана Македонија како што Мицко бегаше од лавот во Танзанија. Глупаци. Тоа беа зданија на европскиот модернизам. И знак на афирмацијата и модернитетот на македонската нација. Всушност, им беше кажано дека тоа се знаци кои мораат да исчезнат од просторот.

Да му се остават на лавот.

Како Силјановска во Соренгети.

Тоа е, другари!

Оној кој се плаши од човечкиот презир и од осамотување меѓу луѓето, нека молчи!

Јас влегов во јавниот простор со оваа гомбровичевска максима и немам намера да се жалам ниту од презирот, со кој неписменоста и чистата глупост ми ги мократ јајцата со плунка која преку шупакот ми ја извлекуваат дури од вратот, ниту од осамотувањето, особено што оваа вторава можна последица на јавната реч, не ја чувствувам, обратно, ми се чини дека луѓето сакаат да го читаат тоа што го пишувам и начинот на кој го пишувам, дури и кога не се согласуваат со моите ставови.

Промоцијата на последната книга ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ, тоа многу убаво го покажа.

Затоа мораме да излеземе и да гласаме. Да навлеземе на гласачките места не како четите на вмро од Бугарија во Македонија туку како слободни луѓе кои знаат да ги контролираат своите незадоволства и форсирани хистерии во името на нешто што не смееме да го загубиме: МАКЕДОНИЈА!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.