Почитувани,
Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.
Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.
Со почит,
Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,
Др. Зора Митиќ,
М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска
Ајтен Шаќири
26.10.2024 година.
Оставката на Комисдијата за помилување при претседателката Гордана Сиљановска Давкова следува по бурните реакции во јавноста што ги предизвика потписот на претседателката Сиљановска со кој од натамошно издржување на затворски казни беа ослободени и лица поврзани со трговија со дрога.