НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калиќи: Кога недостасува втората страна во една информација, се остава простор за дезинформација

0
By Marta Pesevska on March 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кои се најчестите прекршувања на Етичкиот кодекс на новинарите и најистакнатите трендови за ширење дезинформации преку медиумите? За овие прашања, „Полиграф“ разговараше со Леунора Калиќи, претседателка на Управниот одбор на Советот за етика во медиумите (СЕММ).

Полиграф: На кои теми најмногу добивате жалби или претставки за дезинформации?

Калиќи: Да, Ера, како што спомнавте, самата функција на Советот за етика во медиумите е да ги следи сите оние медиуми што ги прекршуваат правилата, или Етичкиот кодекс на новинарите. И, врз основа на најновата статистика што ја имаме за 2023 година во Комисијата за жалби, имавме поднесени 132 претставки, што е број во зголемување кој говори дека имаме прекршување на етичките и професионалните правила.

Но, од друга страна, не охрабрува фактот што 53 претставки се испратени од самите граѓани, така што се подигнува свеста на граѓаните да ги пријавуваат медиумите што ги прават овие прекршувања на правилата. И, можам слободно да кажам дека, бидејќи ги имаме бројките, 110 од тие поплаки се поврзани со онлајн медиумите. Значи, најголеми прекршители на етичките и професионалните правила, односно на Етичкиот кодекс на новинарите, се онлајн медиумите.

Тоа не значи дека тие се намерни. Знаете дека имаме и мисинформации што се половични, или информации што се пренесуваат или шират од медиумите, но без да се проверат фактите и без да биде вклучена другата страна.

Кога сме кај втората страна, во оваа бројка зборуваме за околу 40% – 37% од претставките се однесуваат на прекршување на член 1 од Етичкиот кодекс на новинарите, што значи – нема втора страна. Може да бидат вклучени, знаете, и трета и четврта страна, но секако, задолжително мора да имаме втора страна. А кога недостасува втората страна во една информација, се остава простор таа информација да биде дезинформација.

Дезинформациите, знаете, имаат одредена цел на големи сили, главно политички – да ги истераат до крај или да ги постигнат своите цели, да го променат јавното мислење, и тие не работат за јавниот интерес.

Затоа, и самите новинари и медиумите мора да бидат будни и да ги проверуваат информациите што ги добиваат, бидејќи тоа може да се направи и ненамерно, односно нивното ширење. Но, тие факти мора да се проверат и секогаш да имаме втора страна, за да имаме точна и правилна информација.

Кога зборуваме за член 1 од Кодексот на новинарите, имајте предвид дека тука се вклучени објективноста, точноста, непристрасноста, кои се основни, темелни принципи на новинарството што мора да се почитуваат. И, ако имаме толку големо прекршување на членот 1 од Кодексот на новинарите, овде може да се зборува за растечка тенденција кога сме пред изборната кампања – за тенденција во пораст на политичките партии и нивните експоненти да користат информации или дезинформации за да ги постигнат нивните цели.

Интервјуираше: Ера Ѓакова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.