Потпретседателката на САД, Камала Харис, собра безмалку 50 милиони долари за својата претседателска кампања за помалку од 24 часа откога американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка и ја поддржа како претседателски кандидат, изјави портпаролот на кампањата на Бајден.
Откога претседателот вчера попладне ја поддржа потпретседателката Харис, Американците дадоа донации од 49,6 милиони долари за нејзината кампања, изјавија од предизборниот тимна Харис.