Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катастрофални поплави во Босна и Херцеговина – бројот на жртвите расте

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на жртви од час во час расте. Цели населби се отсечени. Без струја се и без телефон.

Најпогодени се јужните и централните делови од земјата. Најпогодената, Општина Јабланица е буквално проголтана од големи одрони, кои само таму одзеделе 15 жртви.

Критично е и во соседните Коњиц, Кисељак, Фојница и Крешево. Се трага по десетина исчезнати, а спасувачките операции се отежнати поради уништените патишта и мостови.

Во Јабланица и долна Јабланица, каде повеќето населени места и дел од Јабланица се отсечени. Целосно е прекинат сообраќајот, задно со железничкиот сообраќај, во делумен прекин е телефонската комуникација. Дојде до сериозни одрони, лизгања на земјиштето до поплави и излевање на реки. Никој од граѓаните да не тргнува кон Јабланица и Коњиц, зашто во прашање се животи. , изјави Адил Шута, министер за финансии во херцеговско – неретванскиот кантон.

Се надеваме во најдобар исход, со што помалку жртви, за жал според првите информации, имаме човечки животи. , изјави Марија Бухач, премиерка на херцеговско – неретванскиот кантон.

На ниво на целата држава попладнево е прогласена состојба на приватна катастрофа. Според сведоштвата на жителите, големи количини вода од излеаните реки рано утрото ги затекнале в постела, носејќи со себе дрвја, автомобили и цели куќи.

Водата која денеска се повлече во дел од населените места ги откри размерите на катастрофата. Снимките покажуваат пат кој буквално води во бездна или железнички шини кои лебдат во воздух. Луѓето во заробените куќи се извлекуваат со механизација.

Повозрасните жители велат дека вакви поплави не паметат 70 години, кога тогашната ЈНА со чамци ги евакуирала од домовите.

Босанските власти донесоа одлука за ангажирање на војската во справувањето со поплавите, чии штети засега не можат да се предвидат.

Вонредната состојба го става во неизвесност одржувањето на локалните избори во погодените опшштини кои треба да се одржат в недела.

Фотографиите со апокалиптичните пејсажи сведочат за поплавите какви не памети Босна и Хереговина:

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.