НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе остане и Гаши и недовербата кон него

0
By Marija Todorovska on September 4, 2024 ИЗБОР
Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Фото: Слободен печат / Драган Митрески
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Каде е Мицкоски сега да каже дека никој не е над законот и дека ќе има одговорност за сите. Ако сакаа да си го сочуваат образот, оваа интерпелација ќе дојдеше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За само два месеца има серија скандали на власта, предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а одговорност нема за никого. Мицкоски ја враќа неказнивоста на голема врата, ја пропушти шансата да го смени Гаши. Само така ќе докажеше дека стои на зборот за одговорноста на политичарите – рече Талевски и додаде дека мора да има политичка одговорност за скандалот на аеродром и за свадбата во Косово, кога без гранична проверка поминале и роднини на Гаши.

Мариела Трајковска

Очекувањата беа дека интерпелацијата за претседателот на Собранието нема да помине, зашто ја поддржуваа само Левица и СДСМ. Гаши ја означи како албанофобна и исламофобна и предвреме ја напушти салата. И од ДУИ рекоа дека нема да гласаат за разрешување на спикерот, зашто мотивот е неговата етничка припадност.

Ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието, преполна со албанофобија и исламофобија, а поднесена од партијата Левица, која е против нашата евроатлантска интеграција, посветеноста за добрососедски односи и нашата посветеност за меѓуетничка хармонија.

Ова сублимирано е одбраната на собранискиот спикер дека интерпелацијата е неоправдана и кој половина од говорот, наместо да ги оправда своите постапки за кои е прозван, го анализираше дејствувањето на Левица.

Собранието најдоцна до полноќ, треба да гласа за (не)доверба на работата на претседателот на Собранието.

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, образложувајќи ги причините за поднесената интерпелација, рече дека се темели на седум точки, но иако во меѓувреме сторил уште три-четири скандали – за „свадбата на Косово“ и пеењето „шота на 2 Август“, како што рече, ќе остави да зборува премиерот Христијан Мицкоски.

Впечатливо е дека Гаши по обраќањето пред пратениците ја напушти пленарната сала, како што рече, за да не врши притисок врз пратениците, што, пак, е првпат функционер за кого е поднесена интерпелација да не присуствува на седницата. Поранешниот спикер на Собранието, Талат Џафери, тоа го оцени како неподготвеност на Гаши да преземе морална одговорност.

Гаши: Левица игра на картата на национализмот

Очекувањата беа дека интерпелацијата нема да помине, зашто ќе ја поддржат само Левица и СДСМ.
Според Гаши, мотивот на Левица за интерпелацијата не е неговата работа во Собранието, која ја водел одговорно, туку дека е против тоа Албанец да биде претседател на Собранието.

Интерпелација на Гаши / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– На кого му служи оваа интерпелација и за каква цел? Сигурен сум дека одговорот на овие прашања ја дава суштината на оваа интерпелација. Левица е партија што идеолошки треба да го обединува и храни народот со теоријата за еднаквост, но, за жал, во реалноста таа е партија што многу често се профилира екстремно десно со своите ставови – против нашата евроатлантска интеграција, нашата посветеност за добрососедски односи и нашата посветеност за меѓуетничка хармонија. Многу е лошо кога се игра на картата на национализмот, на осудување на другиот без да се слушне другата страна. Не е потребно длабоко разбирање на политиката за да се види дека тие што се против нашиот европскиот пат и ја загрозуваат нашата внатрешната етничка кохезија, дека тие работат против постоењето на нашата држава – кажа Гаши.

Тој оцени дека интерпелацијата е чисто политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија.

– Ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието. Ова не е интерпелација поради пречекорување на овластувањата на претседателот на Собранието во однос на безбедноста, туку против добрососедските односи и заложби за повлекување на признавањето на Косово. Не е за наводната повреда на Законот за јазиците, туку поради фобијата против албанскиот јазик и етничката припадност на претседателот. Ова не е интерпелација кон знамето на ЕУ и НАТО, туку интерпелација кон нашата стратешка цел – рече Гаши и додаде дека за него е најважно да остане со чист образ.

Тој повтори дека Левица не го разбира секуларизмот, бидејќи во Собранието имало едноминутно молчење за жртвите од Сребреница, а не верски обред, дека обезбедувањето на Скопскиот аеродром го испратил како претходница за да спречи поголем скандал, а дека албанскиот јазик во Собранието го користи според Уставот и Деловникот. Гаши порача пратениците да гласаат по сопствено убедување и како што мислат дека е најдобро за државата.

СДСМ: Да се застане на патот на башибозукот

Апасиев, образложувајќи ја интерпелацијата, рече дека Гаши првпат Собранието го направил центар на антисекуларни активности.

Димитар Апасиев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Да се договорите со Мицкоски да направите овде и соби за крштевки и за сунети, вистинско мулти-култи општество, тотално десничарски, во ваш стил. Верските заедници се одвоени од државата, и вие токму тоа го прекршивте. Вие направивте дискриминација со тоа што ги принудивте и другите присутни да учествуваат во верскиот ритуал. Според Европскиот суд за човекови права, ЕЧСП, државата мора да биде гарант за практикување на различни религии – рече Апасиев.

Тој додаде дека Гаши го прекршил законот, бидејќи дозволил припадници на невладини организации да носат хиџаб и фереџе и ја посочи активистката Мерсиха Смаиловиќ, за која рече дека е контроверзна личност.

Претседателот на Собранието требал заклетвата да ја даде само на македонски јазик, а своето име треба да го транскрибира на македонски јазик и на кирилица. Апасиев потенцира дека Гаши го прекршил и Законот за државните симболи, односно дека во пленарната сала не треба да се истакнати и знамињата на НАТО и на ЕУ. Лидерот на Левица му забележа на спикерот дека не смеел да дозволи Талат Џафери едновремено да биде и пратеник и премиер, како и дека при посетата на Вашингтон го придружувала и сопругата, за што потрошил 16.000 евра државни пари.

– За разлика од вашиот претходникот Талат Џафери, кој беше мајстор за скандали, вие го надминавме и практично за 100 дена направивте рафал од скандали и станавте можеби велемајстор. Ќе видиме дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ви овозможат неказнивост – рече Апасиев.

Миле Талевски од СДСМ рече дека ќе ја поддржат интерпелацијата за да застанат на патот на башибозукот на претседателот на Собранието.

– Каде е Мицкоски сега да каже дека никој не е над законот и дека ќе има одговорност за сите. Ако сакаа да си го сочуваат образот, оваа интерпелација ќе дојдеше од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. За само два месеца има серија скандали на власта, предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а одговорност нема за никого. Мицкоски ја враќа неказнивоста на голема врата, ја пропушти шансата да го смени Гаши. Само така ќе докажеше дека стои на зборот за одговорноста на политичарите – рече Талевски и додаде дека мора да има политичка одговорност за скандалот на аеродром и за свадбата во Косово, кога без гранична проверка поминале и роднини на Гаши.

До затворањето на весникот ниеден од пратениците на ЗНАМ не излезе на говорницата да го искаже својот став за интерпелацијата, а ниту партијата која е дел од владејачката коалиција не се изјасни дали ќе му укаже или не доверба на собранискиот претседател.

Апасиев: Лавчињата станаа мачиња, ДУИ стануваат сирени

Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше дека СДСМ се наоѓа во тажна состојба, а доказ за тоа е дека 12 пати го спомнале Мицкоски што ја покажува нивната опседнатост со премиерот. Таа оцени дека не станува збор за интерпелација, туку за гола политика.

Халил Снопче од Вреди, пак, е изненаден од реториката на СДСМ, која ја оцени дека е порадикална и од таа на Левица. Според Снопче, СДСМ нема конзистентна политика, бидејќи се изјаснувале дека се без предрасуди и се залагале за едно општество за сите, а сега се поостри и од Апасиев.

Талат Џафери во собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Џафери кажа дека ни лично, ни како пратеничка група нема да гласаат за разрешување на Гаши, бидејќи мотивот за интерпелацијата не е работата на претседателот на Собранието, туку неговата етничка припадност. Интересно е дека Џафери ги спомна сите скандали на Гаши, дури рече дека има такви кои не се познати за јавноста, но сепак рече дека нема да ја поддржат интерпелацијата.

– Неподготвеноста да преземе морална одговорност се гледа и по тоа дека е отсутен од салата, што пак првпат се случува – рече Џафери.

Апасиев му реплицираше дека кога го слуша „мајсторот на шверцератот“ му текнува оти го предупредил Џафери кога бил претседател на Собранието – дека сите негови преседани ќе му се удрат од глава. Апасиев му забележа дека интерпелацијата не е етничка и додаде дека Џафери го брани, зашто му должи на Гаши кој му овозможил да биде и премиер и пратеник.

– Ако мнозинството од владејачите од лавчиња станаа мачиња, многу ми е симптоматично, па дури и симпатично ми е како ДУИ стануваат сирени. Ставот ви е ни риба, ни девојка. Ни е да ја јадеш, ни е … Ем сте против Гаши, ама не гласаме ние. Зошто, и ете го круцијалниот ваш аргумент – етничка била интерпелацијата. Не е етничка. Верувам длабоко во себе дека вие сте му консултант на Гаши за кршење на Деловникот, затоа што вие сте му должник на Гаши. Да не беше Гаши, сега ќе си земавте апанажа во Форино и ќе си седевте таму. Ќе се видиме на Уставен суд во октомври, а може и во Стразбур – му порача Апасиев на Џафери.

Џафери на ова бурно реагираше.

– За 40 години кариера не должам никому освен на моето семејство коешто ме чекаше. Ќе се видиме на Уставен оти на сите други судови ги изгубивте од мене – рече Џафери.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да ја поддржат интерпелацијата, бидејќи таа нема допир со реалноста, односно со работата на претседателот на Собранието. Тој потенцира дека сите прекршители за случаите се казнети и дека одговорност има и дека тоа е уште една потврда дека не се сите исти.

Текстот е во сопственост на Слободен Печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.