Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе помине

0
By Zoran Ivanov on December 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

А, дали смртта е мојата рутина? Мојата маршрута од дома до работа, пак на работа, до дома, истите луѓе, некои заминуваат порано, некои не ни размислуваат за одење. Дали во тој круг од исти погледи, улици и дрвја кои ги менуваат истите бои на лисјата, се движи и таа?

Тина Иванова

Се плашиш ли од смртта? Немој, таа е прекрасна жена. Но, знај! Храбриот може да и пријде на начин на којшто само тој ги знае триковите. Па, ќе ја бакнува, среќен тој, со силна страст како актер на филмско платно од 60тите.

Мислиш ли дека смртта е како временска машина? Нè носи ли кај саканите, кај оние по коишто долго копнееме?

Ех, ако ја видам баба ми, ќе ми ги направи најубавите полнети пиперки, лепчињата со рендано јајце и питата со сирење. Ммм, ако се вратат тие мириси, тие сеќавања, турското кафе и цигарите „Југославија”, нејзините ситни очиња полни милост, тогаш во рајот влегувам на црвен тепих.

Ќе го видам ли и него? Сигурно ќе ми каже уште некој виц којшто нема да може секој да го разбере, ама па ние ќе се „газиме” од смеење во нашиот осамен црно-бел свет.

Мислам дека веќе почнав да му се приближувам на Дејвид Боуви. Тој не ме забележува, ама каде од сите па мене ќе ме види? Не е битно, јас го гледам, блиску ми е.

А, дали смртта е мојата рутина? Мојата маршрута од дома до работа, пак на работа, до дома, истите луѓе, некои заминуваат порано, некои не ни размислуваат за одење. Дали во тој круг од исти погледи, улици и дрвја кои ги менуваат истите бои на лисјата, се движи и таа?

Купив двоглед, да видам дали ја има и во другите.

Некаде е толку присутна што дури не се ни забележува. Ја видов кај еден маж. Го покрила со тежок, темен плашт од којшто не може да прогледа ништо што е убаво. Една жена, пак, ја нашминкала со белило кое ја истакнува секоја нејзина горчина низ борите. А, таа, купува нови руменила за да лажира ведрина. Друг маж го полеала со бензин. Па, не смееш да фрлиш чкорче во негова близина, ниту да запалиш цигара, оти веднаш ќе пламне насобраната тага и ќе се претвори во ѕвериште кое гризе и тепа.

Дали меѓу нас живите има многу умрени? Дали ние сме мртви или не? Кој е на другата страна? Кој ги креира нашите соништа?

Човекот којшто ја загуби љубената секојдневно страда по неа и ја моли смртта да го земе и во сон и на јаве, но таа му вели: „Не е твој ред”. Па, каде тој да се обрати, ако само таму може да го најде билетот во еден правец? И дали е тој оној храбриот што едвај ја чека да му дојде или е страдалник по љубовта без која не може да живее?
Ах, овој живот маченички, со прашања без одговори.

Тешко ми е да станам. А, морам. Кој ме движи? Се прашувам. Дали љубовта, или можеби немирот? Можеби надежта дека сепак, болката ќе помине. Ќе помине…

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.

 

тина иванова поезија ќе помине
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.