Москва: Кибер напад денеска доведе до прекини во емитувањето на програмата на руската државна телевизија ВГТРК, јавија руски медиуми.
Рускиот он-лајн весник Газета.Ру, цитирајќи руски разузнавачи, објави дека проукраинската хакерска група наречена „Судо рм-РФ“ е одговорна за кибер нападот.
Кибер нападот влијаеше на онлајн емитувањето на програмата, на сервисите, па дури и на интернет и телефонските врски на компанијата, наведува весникот.
Новинскиот канал Русија-24 денеска изутрина беше недостапен на интернет.
Различни извештаи велеа дека серверите не функционираат и дека важни информации се избришани. Тие рекоа и дека ќе биде потребно долго време тоа да се нормализира.
Од државната телевизија се уште не ги коментираа извештаите.