Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив: Длабоки разлики во ставовите меѓу Зеленски и Трамп – прес на украинскиот претседател

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина.

Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.

Зеленски, исто така, нагласи дека нема да дозволи никој да го замени како лидер во моментов, бидејќи неговиот рејтинг останува висок. Според анкета на која се повика, 58 отсто од Украинците имаат доверба во него како претседател.

Украинскиот лидер предупреди дека земјата е изложена на „големи дезинформации“ од Русија и ја поврза со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп. –

Со сета почит кон претседателот Трамп… тој живее во тој дезинформациски простор, рече Зеленски.

Оваа изјава доаѓа откако Трамп тврдеше дека Зеленски има рејтинг од само 4 проценти – навод што украинскиот претседател го отфрли како руска дезинформација.

Имаме докази дека оваа дезинформација се шири од Русија и дека овие бројки се споменуваат во разговорите меѓу Америка и Русија, рече тој.

Зеленски се осврна и на предлогот на Трамп со кој САД би добиле процент од украинските ретки минерали, вклучувајќи литиум и титаниум.

Го одбив тоа затоа што во првиот нацрт беше наведено дека Украина треба да им даде на САД 50 проценти од сопственоста врз тие ресурси, без никакви безбедносни гаранции, објасни Зеленски.

Јас ја штитам Украина, не можам да ја распродадам. Не можам да ја распродадам нашата држава, додаде тој.

Според него, трошоците на војната досега достигнале 320 милијарди долари – од кои 120 милијарди ги покриле украинските граѓани преку даноци, а 200 милијарди дошле од САД и ЕУ. Од оваа помош, САД испратиле 67 милијарди долари воено и буџетско финансирање.

Трамп претходно изјави дека САД би сакале еквивалент на 500 милијарди долари од украинските минерали како дел од нивната поддршка, но Зеленски ја отфрли оваа бројка.

Не е 500 милијарди – тоа не е сериозен разговор, рече тој.

Украинскиот претседател, исто така, реагираше на тврдењата дека 90 проценти од американската помош за Украина доаѓа од САД, нагласувајќи дека „вистината е на друго место“. – Но, ние сме им благодарни за поддршката, додаде тој.

Прес-конференцијата на Зеленски ја откри длабоката разлика во ставовите меѓу него и Трамп, како и ризикот Украина да ја изгуби поддршката од Вашингтон. Некои веќе сметаат дека тоа веќе се случило, објавува Би-Би-Си.

Зеленски ја коментираше и посетата на специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кит Келог, кој утрово пристигна во Киев.

За мене е многу важно тој самиот да прошета по улиците на Кијив и другите градови, за да ја види вистинската ситуација и да се спротивстави на руските дезинформации, рече Зеленски. Тој додаде дека Келог претходно изјавил дека „20-30 отсто од главниот град исчезнале и дека сè е уништено“. – Сакам да види сè со свои очи. И потоа да разговара со луѓето – дали имаат доверба во својот претседател, дали му веруваат на Путин? Нека ги праша што мислат за Трамп и неговите коментари, рече Зеленски.

Тој понуди и да го однесе Келог на првата борбена линија за да разговара со украинските војници.

 

 

зеленски прес украина трамп русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.