Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив: Документирани докази дека Русија ликвидирала 93 украински војници кои се предале

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина има документирани докази за погубување на 93 украински воени заробеници, според функционер одговорен за истрага на воени злосторства поврзани со руската инвазија на Украина. Јуриј Белоусов, раководител на одделот во Главното обвинителство задолжен за истрага на злосторства извршени во вооружени конфликти, ја соопшти најновата бројка за време на телевизиско интервју.

Сега имаме информации за смртта на 93 наши војници кои беа погубени на бојното поле, изјави Белоусов, пренесува Радио Слободна Европа.

Белоусов истакна дека околу 80 отсто од погубувањата биле забележани оваа година, а бројот почнал да расте во ноември „кога дојде до влошување на односот на руските војници кон воените заробеници.

На 1. октомври, Канцеларијата на главниот обвинител објави дека е отворена истрага за она што го опиша како „најголемото масовно погубување“ на украински заробеници од страна на руските трупи од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Според официјално соопштение објавено на Телеграм, руските сили неодамна убиле 16 украински заробеници во близина на селата Николаевка и Сухи Јар во околината на Покровск, област во Донецк.

Видеоснимки кои циркулираат на различни Телеграм канали наводно прикажуваат украински војници кои биле штотуку заробени од руските сили како излегуваат од шумско подрачје. Откако заробениците биле построени, руските сили отвораат оган. Снимките потоа прикажуваат руски војници како се приближуваат кон повредените и повторно пукаат во нив од непосредна близина со митралез.

Според меѓународното хуманитарно право, погубувањето на војници кои се предале се смета за воено злосторство.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.