Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.
Слики на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днепро, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.
Чуварот на зградата е пренесен во болница, а оштетени се и соседните згради.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свјатошински на западниот брег на реката.
Воздушниот напад траел повеќе од еден час.