Никозија: Првите семафори за пешаци со женски фигури беа поставени на улица во Никозија, што според министерот за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар Алексис Вафеадис, е симболична, но значајна иницијатива што потсетува дека жените активно и рамноправно учествуваат во животот на градот.
Семафори со женски фигури, на иницијатива на Министерството за транспорт, комуникации и јавни работи и Канцеларијата на комесарката за родова еднаквост, планирано е до крајот на ноември да бидат поставени шест пешачки премини во Никозија, Лимасол, Ларнака, Пафос и слободната област Амохостос.
При пуштањето во употреба на првиот семафор што се наоѓа пред Градскиот театар и Кипарскиот музеј во Никозија, министерот Вафеадис посочи дека ова е „мала промена со големи пораки“ што воедно ја зајакнува свеста за еднаквоста, испраќајќи правилни пораки до сите возрасти.

