Лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение, Кирјакос Велопулос од говорницата во грчкиот парламент искина лист со Договорот од Преспа.
Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална патриотска општествена влада, ова ќе го направеше овде, рече Кирјакос кинеќи фотокопија од Преспанскиот и додавајќи дека не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една, а тоа е Грција и ја повика грчката влада да ги стави на гласање меморандумите и сите да гласаат против.
Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје и сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние, рече Велопулос.