Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатски активисти со синџири и факели го затворија Рајксмузеум во Амстердам

0
By Marija Todorovska on September 7, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амстердам: Амстердамскиот Рајксмузеум денеска одлучи да ги затвори своите врати за посетители „до понатамошно известување“, реагирајќи на блокадата од страна на активисти на климатската група Extinction Rebellion (XR), кои се врзаа со синџири за влезот во музејот и запалија жолти факели за да спречат влез на посетителите во еден од најпознатите холандски културни простори.

– Наш приоритет е безбедноста на посетителите, персоналот и уметничката збирка, изјави портпаролот на музејот, додавајќи дека секоја активност што го загрозува тоа – е неприфатлива.

Климатските активисти велат дека нивната цел е да ја принудат управата на музејот да ги прекине врските со главниот спонзор, банката ИНГ. Активистите на XR ја обвинуваат ИНГ за вмешаност во финансирање на проекти што штетат на климата. Организацијата истакна дека блокадата ќе продолжи додека не бидат исполнети нејзините барања.

Музејот, во кој се наоѓа огромна и вредна збирка на уметнички дела, меѓу кои и „Ноќната стража“ на Рембрант, секојдневно привлекува илјадници посетители од целиот свет.

– Несватливо е дека Рајксмузеум може да дозволи да биде финансиран од ИНГ, најголемиот финансиски поттикнувач на климатската криза, изјави портпаролот на XR.

Тој додаде дека XR смета дека музејот му дозволува на големиот загадувач да го скрие своето лице зад познатите уметнички дела од холандската историја.

Портпаролот на ИНГ одговори дека доколку XR има проблем со политиката на финансирање на ИНГ, организацијата треба да се обрати директно до Банката, а не до Рајксмузеум. Тој додаде дека ИНГ секогаш е отворена за дијалог.

XR долго време води кампања против финансирањето на она што го смета и нарекува „индустрија на фосилни горива“.

Членовите на XR, меѓу другото, повеќепати ја блокираа амстердамската обиколница А10 во близина на поранешното седиште на ИНГ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.