Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочанските мајки не можат да пукаат во системот

0
By Zoran Ivanov on November 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Па уште на почетокот на судењето веќе е јасно дека ова ќе биде едно долго и мачно, но спектакуларно судење, обременето со голем број обвинети, во преполна судница и со обвинение и докази што постојано ќе се спорат. Судење што ќе ги изморува семејствата и кое ќе им покажува дека се немоќни пред системот што само се обидува да се пресмета со минатото и ќе им дава лажна надеж дека правдата ќе ги стигне виновниците. Но, тоа ќе биде и една популистичка правда во емотивно наелектризирана атмосфера.

Фросина Факова Серафиновиќ

Ова ќе биде едно долго и мачно, но спектакуларно судење што ќе ги изморува семејствата и ќе им покажува дека се немоќни пред системот што само се обидува да се пресмета со минатото и ќе им дава лажна надеж дека правдата ќе ги стигне виновниците.

Ана ова го направив за тебе, е пораката на Германката Мариане, која во далечната 1981 година стана позната како „мајката одмаздничка“. Снимката на која се гледа како мајката со седум куршуми го застрелува силувачот и убиец на седумгодишната ќерка е достапна и денес и нè потсетува како жената, најголемата болка што може да ја доживее една мајка, ја престори во одмазда. Па наместо судот, сама му пресуди на месарот што ја силувал, а потоа ја задушил ќерка ѝ.

Иста болка имаат 63 мајки од Кочани, чии деца се задушија и изгореа во дивата дискотека, која е само еден симбол на вековната корупција на гордата Македонија. Мариене го „решила“ човекот што насилно ѝ го прекинал животот на ќерка ѝ, но кочанските мајки завиени во црно и со слики на своите деца не можат да го решат убиецот на нивните деца. За нив сопственикот на „Пулс“ е монструм, парољубец, но гневот нема да им помине ни со 35-темина на обвинителна клупа и уште речиси толку полицајци што треба да седнат.

Срцата ќе им бидат распарани цел живот, но она што ќе ги јаде е немоќта да биде казнет убиецот. Затоа што за оваа трагедија сите се виновни и никој не е виновен. Корумпираниот систем им ги уби децата, но него не може да го убијат. Напротив, тој продолжува да ги убива и нив и сите нас.

Емотивниот говор на обвинителот од Кочани, кој сигурно го знаат и лично, и судијката која им вети дека ќе направи сѐ за вистината, им даде трошка надеж, но веќе на второто рочиште го истурија револтот кон адвокатите, нивни сограѓани што решиле да бранат дел од обвинетите.

Всушност, болката во малото гратче е уште поголема кога во очи секојдневно ги гледаат и обвинетите, но и сите сограѓани што не им даваат поддршка. И тој гнев е оправдан особено откако големата трагедија ни докажа дека нам душата ни е скапана од корупција.

Во едно општествено лицемерие во кое јавно сите се чесни и независни, се борат против криминалот и корупцијата сè додека не ги засегне нив. Тогаш доследно ги рушат сите правила, закони и наоѓаат милион оправдувања. Не нѐ освести ни смртта на кочанската младина, во една атмосфера во која власта сака да ја направи невидлива болката на родителите, а обвинителството, на чиј шеф секојдневно премиерот му се заканува дека ќе го разреши и никако да го разреши, сака да ни демонстрира дека нема пардон за никој. Па обвини над 30-мина за смртта на децата, а не за коруптивни дела, за на јавноста да ѝ докаже дека, ете, правдата дошла.

Обвинителите се децидни дека ќе докажат дека, на пример, Крешник Бектеши, кој пред повеќе од десет години потпишал некоја дозвола за кабарето, е виновен за смртта на секое дете во кабарето, а не за злоупотреби на службена положба или други дела од Кривичниот законик.

Но, затоа вакви дела најдоа откако беа објавени пораките што си ги праќале синот на сопственикот на дискотеката и братот на претседателката на Кривичниот суд, кој земал пари и подароци за да им ги дојавува акциите од УЈП. Во судница, пак, адвокатите се гласни во одбрана на обвинетите, додека обвинителот е тивок и во судница, но и пред јавноста. Адвокатите даваат изјави пред медиумите, но од почетокот на судењето никој од 15-те обвинители што стојат зад обвинението не застана пред новинарите.

Во судницата дури се слушна и дека стотиците докази што ги имаат биле хаотични, а во споеното обвинение било со сменето време на извршување на кривичното дело на обвинетите што обвинителот го нарече коригирање на техничките грешки.

Па уште на почетокот на судењето веќе е јасно дека ова ќе биде едно долго и мачно, но спектакуларно судење, обременето со голем број обвинети, во преполна судница и со обвинение и докази што постојано ќе се спорат. Судење што ќе ги изморува семејствата и кое ќе им покажува дека се немоќни пред системот што само се обидува да се пресмета со минатото и ќе им дава лажна надеж дека правдата ќе ги стигне виновниците. Но, тоа ќе биде и една популистичка правда во емотивно наелектризирана атмосфера.

Мајките може нема да успеат да го убијат системот, но никогаш нема да престанат да се борат и да нѐ потсетуваат дека животот на сечие дете е под закана на корупцијата што ни е истетовирана во кодот. Но, и на лицемерите што секогаш ќе го свртат грбот и жртвите ќе ги направат виновници само за да не ги изгубат ситните привилегии и да не бидат против партиските шерифи што им фрлаат трошки.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

колумна Фросина Факова Серафиновиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
ФОКУС

Бројот на загинати во пожарот во Хонг Конг порасна на 75 – над 300 исчезнати

ВЕСТИ November 27, 2025

Бројот на загинати во разорниот пожар што зафати блок станбени згради во Хонг Конг се…

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг но многумина сè уште се водат како исчезнати

November 27, 2025

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

November 27, 2025

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.