Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се луѓето во униформа кои го штитат системот на Јанукович?

0
By Влатко Чаловски on February 20, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И во денешните судири на полицијата и демонстрантите на плоштадот Мајдан во Киев демократијата падна во вода. Загинаа најмалку 100 луѓе а речиси 600 други се повредени. Претседателот на Украина Виктор Јанукович вчера го разреши началникот на армијата, генералот Володимир Замана, бидејќи според наводите не сакал да употребува повеќе сила врз демонстрантите.

Случувањата во Киев преку медиумите како и пораките низ социјалните мрежи се видливи веќе за сите. Но она што вчера го потенцираше шефот на шведската дипломатија, Карл Билт, станува сериозно прашање – ќе оди ли Украина во насока каде и претстојат уште повеќе страдања и насилство?

Режимот, како што вчера го опиша во интервју за НОВА, Дејвид Ливингстон од Европскиот совет за надворешни работи, лесно може да стане понасилен од моменталната состојба, а според него, ескалацијата на протестите е последица на волјата на Јанукович да преживее без да го смени неговиот авторитарен политички и корумпиран економски систем.

Воедно следува прашањето кој го штити Јанукович и неговата одлучност за поблиска соработка со Русија, и покрај цврстата волја и општо позната на целата украинска нација која својата иднина ја гледа во Европа?

Името „Беркут“ или „Златен Орел“ е синоним на полициска бруталност за многу од демонстрантите во главниот град Киев. Беркут е елитна полициска единица која беше на чело на бојното поле изминативе смртоносни судири.

Членовите на оваа единица сега се обвинети за тепање, измачување, како и пукање врз демонстрантите. Според наводите, во текот на протестите забележани се и напади врз новинарите и медицинските работници.

Изминатиот месец се појави и видео за кое, украинскиот студент Микаило Нишкогу тврди дека бил измачуван од полицајците, целосно гол на температури под нулата.

За членовите на Беркут важи дека се внимателно избрани, подобро обучувани, платени и опремени од обичните полициски службеници. Единицата е основана во 1992 година со потекло во Омон, од советската бескруполозна „полиција за специјални примени“. Примарно целта на Беркут е борба со организираниот криминал, но сега делува за спроведување на закон и ред за време на „масовните настани“.

Медиумите во Украина ги опишуваат Беркут како елитна полициска единица, внимателно селектирана и строго тренирана, а за прием во неа, задолжителни се отслужување војска и искуство од две до три години во спроведувањето на законот. Шансите за вработување во Беркут се поголеми доколку апликантот е спортски тип со докажано досие, пишуваат украинските медиуми.

Беркут има 4 до 5.000 членови низ Украина. Локалните единици се директно потчинети на шефовите на регионалните одделенија на Министерството за внатрешни работи, наместо окружните началници.

Не е вообичаено за единиците на Беркут да бидат пренасочени од нивната база во други региони. Сепак, според наводите, многумина од нив се донесени во Киев од источниот дел на Украина, која важи за поддржувач на претседателот Јанукович. Според наводите, членовите на оваа единица се платени два пати повеќе од обичниот полициски службеник.

Оние членови на Беркут, кој пак се ориентирани про-западно, неодамна се пожалија во медиумите дека биле „изманипулирани“ од командантите од врвот на единицата.

– Се работи за вооружени момци со гумени куршуми…се работи за специјална единица. Се зборува за зголемување на Единицата. Армијата е колеблива за вклучување во протестите, а иако Владата ги напушти плановите да се придружи кон НАТО во 2010, земјата соработуваше со НАТО пред тоа, и можеби тоа влијаеше врз некои офицери за про-западно расположение, рече во интервјуто за НОВА, Дејвид Ливингстон.

Воедно тој потврди дека народот во Киев не би се откажал во потрагата по демократија, и напомена дека „можеби чудно но со авторитарниот режим следи и доволно количина на насилство, и доколку убиете неколку луѓе, ќе ја зголемете лутината кај популацијата“.

Во меѓувреме, организациите за човекови права, Европската унија, како и некои од најголемите политички фигури во светот, ги осудија нападите на полицијата. Од ноември минатата година, Украина наликува на бојно поле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.