Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се причините за човечките стампеда во Мина, Саудиска Арабија?!

0
By Влатко Чаловски on September 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Видеото е со вознемирувачка содржина!

Најмалку 717 лица загинаа, а околу 900 други беа повредени вчера за време на човечко стампедо кое се случи за годишниот муслимански аџилак во близина на градот Мека во Саудиска Арабија.

Годинава, како што соопштија властите од Саудиска Арабија, над 2 милиони Муслимани учествувале во ритуалите, и велат инцидентот се случил во пресрет на “Каменувањето на ѓаволот“, последниот ритуал пред почетокот на празнувањето на Курбан Бајрам.

Токму тој ритуал е можеби една од причините поради енормната бројка на загинати, откако CNN денеска објави сведоштва на некои од учесниците според кои има неколку верзии за тоа како дошло до хаосот.

Луѓето брзаат за наутро да бидат меѓу првите кои “ќе го каменуваат ѓаволот“, пишува CNN.

За време на овој ритуал во Мина, аџиите фрлаат камења на три ѕидови и столбови кои се нарекуваат Јамарат како поврзување со делото кога пророкот Абрахам го каменувал ѓаволот за да го лиши од искушенијата.

Друга можна причина за настанувањето на стампедото се високите температури, од над 43 степени Целзиусеви, и секој кој би колабирал од жешкото, доколку не е физички подготвен, многу е тешко да се крене на нозе и да ги истрпи турканиците од брзањето на другите.

– Бев надвор два часа, фотографирав и снимав, и по само два часа изложеност на сонцето, ми се вртеше и бев пред онесвестување, вели една од присутните во Мина, која потенцира дека и покрај пеколните горешнити, луѓето брзале за да го спроведат овој важен ритуал за нив.

Зборувајќи со учесници во стампедото, таа вели, и самите тие знаеле дека доколку не си физички подготвен, тешко дека ќе можеш да се изолираш од турканиците.

Друга причина би можело да биде, релацијата на различни групи. Некои се враќале од ритуалот, други оделе да го извршат и од нетрпливост настанал метежот.

– Настанаа невидени турканици, немам зборови да опишам што точно се случи. Масивните турканици се причина за огромниот број на загинати аџии, вели учесник во стампедото.

Генералот Мансур Ал-Турки пак, портпарол на саудиското министерство за безбедност, смета дека немало да дојде до вакви бројки доколку учесниците се придружувале кон водичот за безбедност.

Тој смета дека учесниците едноставно не ги слушале наредбите за воспоставување ред, а оние кои за прв пат учествувале, мислејќи дека можат побрзо да стигнат, пробувале да го скратат просторот меѓу луѓето и да се протнат.

Сепак, иранските власти, целата вина ја префрлија на Саудиска Арабија, обвинувајќи ги дека не знаеле да го менаџираат настанот. Помеѓу огромната бројка на загинати, 131 учесник биле од Иран, а 30 биле од Египет.

Ова не е прв пат церемонијата во Мина со себе да повлече жртви. Стампеда се случувале и во 80-тите и во 90-тите години поради преголем број на учесници.

Последниот голем инцидент се случил во 2004 година, кога наутро во стампедо загинале 251 аџија а 244 биле повредени. Хаосот траел речиси половина час пред да биде воспоставена контрола.

Најголемото стампедо во историјата на аџилакот сепак се случило на 2.јули 1990 година, во кое загинале 1.426 луѓе.

Кога луѓето оделе кон ѕидовите Јамарат, за да го извршат каменувањето, во тунел долг околу 500 а широк 10 метри, кој водел од Мека кон Мина, над нив се урнал мост од кој седуммина луѓе паднале пред излезот на тунелот по што настанал и хаосот. Набргу тунелот, кој имал капацитет за 1.000, се наполнил со 5.000 луѓе кои се уште во тој момент влегувале во тунелот без да знаат што се случува на другиот крај.

Бидејќи температурата била речиси иста како и при последниот трагичен настан, околу 44 степени Целзиусеви, а вентилацијата престанала да функционира, многу од смртните случаи се верува дека настанале и поради тоа.

И покрај огромните бројки на смртни случаи, сите Муслимани кои имаат финансиска и физичка можност, веруваат дека барем еднаш во животот треба да одат на аџилак во Мина. Многумина од нив штедат за да дојде тој ден.

Ритуалите кои ги извршуваат таму се во времетраење од пет дена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.