НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е виновен за бегството на Рамадани? СДСМ велат Тошковски е одговорен, министерот бара да не се манипулира јавноста, Србија побара објаснување

0
By Marija Todorovska on August 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ј. Ѓ.

Политичките партии со меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен за бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија.

Рамадани е на Косово, тоа е најголем доказ дека е пуштен од МВР и Тошковски, велат од СДСМ

„Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница?

СДСМ прашува до кога Тошковски ќе биде министер?

„Човекот шест месеци ја води институцијата МВР а безбедноста се влоши во секој сегмент. Имаме шест убиства или обиди за убиства од кои само едно е расчистено, имаме секојдневни грабежи сред бел ден без разрешница, се случува тотален хаос со пожарите додека тој е координатор на Кризниот Штаб, но никој не знае што координира. Ваква неспособност не е забележана од ниеден министер досега и затоа мора итно да си оди од функцијата“, истакнуваат од СДСМ.

Министерот Тошковски побара „СДСМ да престане со празни обвинувања“

Министерот за внатрешни работи во објава на неговиот официјален фејсбук профил ги оцени како обид за добивање ситни политички поени и манипулација со јавноста обвинувањата на опозициската СДСМ на негова сметка за бегството на Блерим Рамадани, посочувајќи дека МВР во случајот направи се согласно закон и постапи максимално професионално.

Според него, со ваквите празни обвинувања, СДСМ само признава дека нивната некогашна власт ја оставила државата целосно руинирана, но, да се префрли вината за сѐ на новата влада, вели тој, е манипулација со јавноста.

Пандов контра соопштението од ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Рамадани ќе си прашате во МВР

Директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов, на вчерашна прес-конференција, на прашањето за бегството на Блерим Рамадани од куќниот притвор, одговори дека нема таква информација и упати тоа да се виде со МВР. 

– Тоа во Министерството за внатрешни работи треба да видите. Кај нас е затворено или притворено лице. Тоа се луѓе или се осомничени и се сместени во притворски одделенија или имаат полноправна пресуда и се упатени на одлежувње на затворска казна. Таквите лица се под МВР, рече тој.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ реагираќи на соопштението од СДСМ, истакнаа: „СДСМ да каже каква врска има МВР со одлуката на Судот да го пушти Блерим Рамадани на куќен притвор“.

„СДС да каже каква врска има МВР со одлуката на Судот да го пушти Блерим Рамадани на куќен притвор. Да потсетиме дека истиот тој Суд е со под 2 проценти доверба. И во таа судско обвинителна дејност судии се Наќе Георгиев, човекот на Зоран Заев во судството кој призна поткуп, роднините на Али Ахмети и редица други криминалци кои се плашат од правдата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ.

Од СДСМ побараа одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски.

– Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне, реагираа од СДСМ.

Косовско МНР: Пред да побегне, на Рамадани во Скопје му беше сменета мерката „домашен притвор“ со „притвор“

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека од косовската амбасадата во Северна Македонија е информирано оти македонските власти ја смениле безбедносната мерка на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Блерим Рамадани од „куќен притвор“ во „притвор“ пред тој да избега од домашниот притвор кој го издржувал во куќата на негови роднини во Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР за порталот „Газета експрес“ изјавија дека информацијата за промената на безбедносната мерка за Рамадани, кој беше уапсен врз основа на меѓународна потерница, ја дал неговиот адвокат.

Дачиќ бара објаснување од македонските власти за бегството на Рамадани

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ побара објаснување од македонските власти за бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Блерим Рамадани од домашен притвор, истакнувајќи дека неговото бегство е скандалозно, јави БЕТА.

-Станува збор за припадник на терористичката ОВК којшто извршил злосторства врз Србите во Косово, и кого Србија го бара со потерница, со цел да го изведе пред суд. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој, којшто е уапсен по наша, меѓународно важечка потерница да побегне од домашен притвор. Или за албанските терористи и воени злосторници не важи меѓународната правда, кога убиваат Срби се им е дозволено и простено, рече Дачиќ.

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава.

-Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот.  МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.

Содржината на налогот за апсење на Рамадани се заснова на сомневањата на Србија дека како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

Преземено: Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.