НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој функционер во Владата на Заев направил најмногу трошоци

2
By Соња Петрушевска on March 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата во првите шест месеци од своето владеење потрошила 21 милион денари или повеќе од 344. 000 евра. Оваа сума, според министерот без ресор, Роберт Поповски, е двојно помала од парите што ги потрошила владата на Груевски во висина од речиси 700 илјади евра.

Министрите во новиот кабинет предводен од Заев, најмногу пари потрошиле во ресторани или во мензи што се сместени во институциите каде што работат.

Според податоците на владиниот сајт http://vlada.mk/otchetnost-troshoci, највисоки трошоци во првите шест месеци пријавил  премиерот Зоран Заев, во висина од 50 илјади евра. Половина од нив или 25 илјади евра се трошоци направени во ресторани или во бифеа, помала е сумата за авионски карти и за хотелско сместување. Заев потрошил и помалку од 3 илјади евра за подароци за странски делегации.

За ресторани, од министрите на ДУИ, најмногу има потрошено министерот за економија Крешник Бектеши, вкупно 14.000 евра, по него се министерот за правда во оставка, Биљал Салији со 12. ооо евра и министерот за животна средина Садула Дураку, кој во ресторани потрошил 8.300 евра.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи има пријавено трошоци во висина од 27 илјади евра, од кои 11 илјади евра се направени во ресторани.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров потрошил околу 26 илјади евра – за авионски карти биле платени 16 илјади евра, а за хотелско сместување 3 илјади евра. За ресторани и мензи во институциите- скоро 2. 400 евра. Угостителски услуги во странство- 1.500 евра, а за услуги во надворешни угостителски објекти- 1.300 евра.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, пријавил дека речиси половина од сумата на трошоците- 16 илјади евра направени за шест месеци биле дадени за ресторани и мензи во институциите- 7 илјади евра, во надворешни ресторани- 880 евра и 1.200 евра во странски ресторани.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев направил службени трошоци во висина од 15 илјади евра – 10 илјади евра биле за авионски карти и за хотели. За ресторани и мензи во институциите-5.000 евра, во странство потрошил 930 евра за ресторани, а еднакво како Шеќеринска, има нула денари за надворешни угостителски објекти.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, за шест месеци потрошил 11.300 евра- од нив 6.600 евра за ресторани во институциите, 570 евра за надворешни ресторани а скоро 300 евра за ресторани во странство- вкупно за ресторани 7.470 евра.

Генералниот секретар Драги Рашковски пријавил трошоци во висина од 11.000 илјади евра – половина од нив односно 5 илјади евра се сметки во ресторани и мензи во институциите, во други, надворешни ресторани- скоро 1.150 евра, во странство 550 евра. За авион- 2.500 евра, за хотелско сместување во странство- 1.800 евра.

 

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска има  7.300 евра вкупни трошоци: 3.400 евра за ресторани и мензи во институциите, но нула денари во надворешни угостителски објекти. Во странски ресторани има потрошени 570 евра.

Мила Царовска – министерката за труд, има вкупно трошоци 6.400 евра, од кои 3.600 за ресторани во институциите.

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни има нула денари за ресторани во странство и за мобилен телефон, потрошил 117 евра во ресторани во институциите, а во надворешни ресторани- 370 евра.

Најмалку пари во првите шест месеци потрошиле министерот за транспарентост, Роберт Поповски – само 350 евра и министерот за транспорт, Горан Сугаревски – 1,500 евра. Сугаревски потрошил само 1.351 денар за ресторани во институциите и скоро 500 евра за надворешни ресторани.

На  сајтот на Владата, освен за министрите, обајвени се и трошоците што ги направиле замениците министри и  државните секретари. Сите тие ќе имаат обврска на секои шест месеци да  доставуваат податоците за тоа каде потрошиле дел од парите на граѓаните.

„ Целта на оваа алатка е да ги држи трошоците на јавните функционери на најниско ниво и да алармира доколку се јават отстапки во трошењата на јавните средства. Оваа одлука се однесува на 60-тина фунционери од извршната власт, кои во оваа прва фаза имаат обврска своите трошења да ги изложат пред очите на јавноста.

Намерата е трошоците да се намалуваат и да се сведат само на продуктивни трошоци, неопходни за непречено спроведување на работните активности на функционерите и институциите – рече  министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и транспарентост Роберт  Поповски .

Поповски најави дека во следната фаза, јавно ќе бидат објавени  службените трошоци и на други државни службеници и раководители на органи на државната управа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.