Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовската полиција влезе во сите експозитури на Поштата на Србија во северно Косово

0
By Marija Todorovska on August 5, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приштина: Припадниците на косовската полиција попладнево влегле во сите девет објекти на Поштата на Србија во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, објави косовскиот портал на српски јазик КоССев.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата дека се работи за синхрона акција во сите експозитури на српската пошта, во изјава за медиумите ја потврди и заменик началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, кој рече дека полицајците влегле во канцелариите на таа пошта по барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).

Според Елшани, тоа е направено по информацијата дека тие работат без лиценца и без регистрација во Агенцијата за регистрација на бизниси на Косово (АРБК), а се потврдило дека информацијата на АРКЕП е точна.

Елшани најави дека за интервенцијата е известен државниот обвинител и дека ќе се продолжи согласно неговите овластувања.

– По допис/информација добиена од АРКЕП, дека на територијата на Косово работат економски оператори без лиценца, а не се регистрирани во АРБК, полициски единици заминаа да ја проверат оваа информација. Информацијата се покажа како точна, за што полицијата го извести државниот обвинител и продолжуваме по неговите овластувања, рече Елшани.

Експозитурите на Поштата на Србија се наоѓаат во општините во северно Косово населени со мнозиство Срби – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. КоССев објави фотографии од експозитурите од кои се запленети документи и  по интервенцијата на полицијата истите се запечатени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.