Кризата во владејачката германска коалиција драстично се влошува. Канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, соопшти вечерва во владиниот портпарол.
Претходно, Линднер – ФДП, на состанокот на коалицискиот комитет, му предложи на Шолц – СПД, да се распишат нови избори за Бундестагот.
Учесниците на состанокот наведуваат дека Линднер изјавил дека разговорите во коалицијата покажале дека нема доволно заеднички јазик во економската и финансиската политика. Како што рече, во интерес на земјата е брзо да ја врати стабилноста и способноста за дејствување.
Министерот Кристијан Линднер, според истите информации, предложил партиите од владејачката коалиција – како што се случи во 2005 година да распишат нови избори за почетокот на 2025 година, односно што е можно побрзо, со цел да се овозможи формирање на нова германска влада.
Лидерите на СПД, Зелените и ФДП претходно два и пол часа разговараа како да се извлече коалицијата од кризата. Во основа, се работеше за тоа како да се затвори дупка од милијарда евра во нацрт-буџетот за 2025 година и да се врати тешко погодената економија на Германија на вистинскиот пат.