Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кутриот тој, неспособен протокол

0
By Zoran Ivanov on September 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патриотизам не е ајварот кој го јадеме, патриотизам е сосема нешто друго, тоа е земјата во која сакаме да се будиме, да се раѓаме и да умираме. Патриотизам е земјата во која со радост сакаме да живееме.

Биљана Секуловска

Прашајте ги луѓето во оваа земја од што живеат. Сите едногласно ќе ви кажат- од патриотизам, пријатели. Тоа е понудата, најдобрата секогаш, особено кога ќе дојде на власт драгата ВМРО- ДПМНЕ.
Да не мислите дека велам дека СДСМ се нешто позагрижени за граѓаните, ајде де, не сме од вчера, никој тука одамна не е ниту наивен,  ниту политички дилетант. Тие се само поголеми фолиранти во изразување на чесните намери, каде приоритетните реформи се закочени од нивната историска мрзелививост со истетовирана максима на челото “лако чемо”.

Албанските партии за жал се само несреќен дел од таа безгрижно неподнослива култура на постоењето. Бескрајно гладни за власт и моќ што подразбира само алчност за пари, многу, никогаш доволно пари. Тие соништа за колекционизам за златници ги помрачуваат секогаш нивните првични чесни соништа за реформи и ЕУ членство. Неизживеаноста секогаш ги јаде своите деца. Затоа се фаќаат македонскиот и албанскиот блок за единственото вредно оружје- национализмот, најлесната карта за секоја примитивна власт.
Тој национализам патува низ забрзаните македонски срца кои отчукуваат во 7/8 и низ празните стомаци на занесените граѓани, гладни за замачкување очи дека се работи за патриотизам, кога им вели власта- удрете прст на челото, ние сме тие што ја сакаме оваа земја. И кој да им каже на тие луѓе- што е навистина патриотизам.

Не, не е патриотизам онаму каде што ви е името на земјата. Ниту знамето каде што ви се вее. Ниту таму каде што политичарите паѓаат на колена и плачат за сите неправди на ЕУ, Бугарија и Грција, бакнувајќи го знамето, како да е навистина најсветлата точка од која нема враќање.

Патриотизам не е ајварот кој го јадеме, патриотизам е сосема нешто друго, тоа е земјата во која сакаме да се будиме, да се раѓаме и да умираме. Патриотизам е земјата во која со радост сакаме да живееме.

Затоа, нека заборават на измислените приказни за патриотизам, кој е задоцнет и лажен, тогаш кога во Софија не се поставило македонското знаме на средбата на претседателката Силјановска и нејзиниот бугарски колега, Радев. Затоа што, вистински патриотизам е да не поставувате партиски кадри во вашиот сопствен протокол. Да ја заборавите вашата специјалност во владеењето- партијата е единствената причина за вашето будење на патриотски будалаштини и заспивање со слатки соништа.
Патриотизам сега ќе биде и поинаква мелодрама од онаа која ја нуди засега Мицкоски- кога држи говор насред Брисел- за фрустрациите низ деценииве, кога никогаш не станавме членка. Патриотизам може да биде само едно- нека биде и таквиот говор ако баш инсистира, но со испорачани реформи за добивање финансиски средства од изворот на тие фрустрации- ЕУ. Досега не видовме од оваа власт таков вид на патриотизам, но фер е да се каже дека е се уште прерано да се очекуваат такви пресврти. Се додека не стане предоцна. Линк

Текстот е сопственост на 25 минути.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.