НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавина реакции во Албанија по иницијативата на Рама за формирање бекташка држава во Тирана

0
By Zoran Ivanov on September 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека премиерот Еди Рама цврсто стои зад идејата за формирање бекташка држава во Тирана, не престануваат реакциите во земјата, кои се сведуваат на тоа дека тоа претставува “држава во држава”, закана по религиската хармонија, по која е препознатлива државата, па се до тоа дека Рама сака да профитира на парламентарни избори идната година.

Против оваа иницијатива попладнево се изјасни Муслиманската верска заедница оценувајќи дека тоа ќе ја наруши верската и меѓуверската хармонија во земјата.

Потпретседателот на оваа заедница, Лорен Лули,  во интервју за ABC News изјави дека оваа заедница е против идејата за бекташка држава бидејќи ја нарушува верската толеранција во земјата.

Најави дека сите верски заедници ќе го координираат својот став штом ќе бидат откриени повеќе детали од овој проект.

– Несомнено, тоа го изразивме и во вчерашното соопштение,  дека ваквите чекори можат да бидат и чекори кои му наштетуваат на соживотот и верската и меѓуверската хармонија. Го гледаме како опасен преседан кој го загрозува токму овој мир, оценува тој.

Поради оваа причина, посочува, со загриженост го следевме ова прашање и несомнено ќе продолжиме да го следиме со максимално внимание и во иднина, како ќе се одвива и какви дополнителни информации ќе дојдат во врска со ова прашање.

Веќе остваривме контакти со други заедници и очигледно им е се уште нејасно што се случува. Рекоа дека се уште е рано да се има став и поради оваа причина тие избраа да немаат комуникација со медиумите или официјален став, изјави Лули.

Доцна попладнево реагираше и поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, за кого ” идејата е  иницијатива со изборна цел”.

Тој ја исфрли идејата за суверена бекташка држава во предвечерието на изборите, на едностран, несогласен, нејасен начин, рече Мета, кој како дополнителен аргумент додава одредба од Уставот.

Претходно реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија и поранешен албански премиер и претседател Сали Бериша, кој рече дека „создавањето на суверена бекташка држава не е за верниците, туку за самиот премиер Рама“.

Поздравувајќи ги верниците Бериша порача дека треба да внимаваат на овој проект на премиерот Рама, бидејќи според него, ова го прави за да ги оттргне мислите на граѓаните од измами и од антиалбански ставови.

Експерти по уставно право оценуваат дека е во спротивност со Уставот и оти тоа е кривично дело.

Против оваа идеја е и отец Акил Пано, кој одлуката на Рама ја нарече “национално предавство”, додавајќи дека Меѓуверскиот совет на Албанија треба да излезе со заедничка декларација на верските заедници.

Реагираа и опозициски пратеници оценувајќи дека “предлогот е вознемирувачки и нема никаква поврзаност со албанската реалност” и оти доаѓа во време кога “земјата е втурната во длабока економска и социјална криза, како резултат на влада преполна со скандали и корупција”.

Инаку, според пописот од 2023 година, во Албанија како Бекташи се изјасниле 115.600 илјади од 2.402.113 жители на земјата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.