Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Њузвик: Лавров вели дека Русија ќе се согласи на прекин на огнот доколку Украина ги отстапи покраините Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соединетите Држави ќе се соочат со „опасни последици“ доколку продолжат да ја зголемуваат воената помош за Украина, наместо да го поддржат предложеното руско решение со кое Москва ќе преземе делови од територијата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во ексклузивно интервју за американски „Њузвик“.

Повеќе од две и пол години откако Владимир Путин нареди „специјална воена операција“ против Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Кремљ нуди остварлив план за запирање на крвопролевањето и обнова на европската безбедносна архитектура. Тој го обвини НАТО предводен од САД дека прво го посеал семето на војната пред една деценија и дека продолжил да го разгорува огнот.

Русија е отворена за политичко-дипломатско решение кое треба да ги отстрани основните причини за кризата, рече тој. Треба да се стремиме да го прекинеме конфликтот, а не да постигнеме прекин на огнот, нагласи Лавров.

Рускиот план предвидува Украина да ги отстапи покраините Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје, кои во поголемиот дел, но не во целост, се под руска контрола, а кои Москва формално ги анектираше по меѓународно оспоруваниот референдум во септември 2022 година, како и Крим, кој Русија го зазеде и го анектираше со слично гласањњ во 2014 година.

Киев, исто така, ќе мора да се откаже од членството во НАТО алијансата, според руските водачи. Лавров вели дека основата за прекин на огнот би можеле да бидат преговорите во Истанбул во 2022 година, кои вклучуваа откажување од членството во НАТО и признавање на независноста на руските делови од автономните региони Доњецк и Луганск, но сега вели дека новите преговори треба да ја земат предвид „состојбата на терен“.

Украина и западните сојузници наместо тоа бараат безусловно повлекување на Русија, додека Москва рече дека ескалацијата на конфликтот го приближува НАТО до директен конфликт со Русија, која има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот и е една од двете нуклеарни суперсили, заедно со САД.

Во моментов, колку што можеме да видиме, враќањето на мирот не е дел од планот на нашиот противник. Зеленски не го отповикал указот за забрана на преговорите со Москва, рече Лавров.

Вашингтон и неговите сојузници во НАТО обезбедуваат политичка, воена и финансиска поддршка на Киев за да продолжи војната. Тие дебатираат за овластување на украинската војска да користи западни ракети со долг дострел за да напаѓа длабоко во руската територија. Играње со оган во овој начин може да доведе до опасни последици, предупредува Лавров.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.