Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја предводи руската делегација на разговорите со САД во Саудиска Арабија, а во неговиот тим ќе биде и Јури Ушаков, советникот на Владимир Путин за надворешна политика.
Кремљ потврди дека средбата ќе се одржи утре во Ријад и притоа ќе се разговара и за подготовките за средба Трамп-Путин. Ова ќе биде прва директна средба помеѓу високи функционери на двете земји по повеќе години пауза, а делегацијата на САД ќе ја сочинуваат државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот претставник за Блиски Исток, Стив Виткоф.
Рубио и Лавров викендов имаа и телефонски разговор.
Разговорите имаат за цел да обноват цел комплекс на американско-руски односи, да се подготват можни преговори со Украина и да се договори средба Путин-Трамп во блиска иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Блумберг објави дека Путин составил преговарачки тим на високи функционери, во кој ќе бидат и шефот на разузнавањето Сергеј Наришкин и извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.