Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека не знае како новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп има намера да ја реши кризата во Украина, но во Москва со нетрпение чекаме да го слушнеме неговиот предлог.
Не можам да замислам како Трамп ќе ја реши кризата, но да ги почекаме неговите предлози. Постојано нагласувме дека секој политичар кој вели дека е за мир, а не за војна, заслужува внимание, изјавил Лавров.
Во овој момент не знаеме што ќе биде предложено, а нашиот став беше јасно формулиран од претседателот Владимир Путин на 14. јуни годинава, дополнил тој.