Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јошка Фишр: Либералната демократија „виси на конец“

0
By Zoran Ivanov on August 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Победата на Трамп ќе ги зајакне и охрабри екстремно десничарските националистички партии низ целиот континент, а истовремено ќе ја зајакне и Русија поради прекинувањето на американската поддршка за Украина. Со оглед на тоа што Франција е веќе парализирана, европскиот проект ќе биде целосно препуштен на милост и немилост на оние кои сакаат да го отстранат истиот. За оние што ја ценат ЕУ, тоа претставува вистински кошмар.

Јошка Фишер

Ако Соединетите Држави се откажат од својата улога на движечка сила и водечки пример на либералната демократија во американски стил – статус што го стекнаа по завршувањето на Втората светска војна, либералниот Запад, како целина, би бил доведен во опасност – нешто што уште повеќе ќе се однесува и на либералната Европа. Тоа е главното прашање на претседателските избори во САД закажани за 5 ноември.

Веќе некое време е јасно дека двата претстојни избори – по еден на секоја страна од Атлантикот – ќе ја одлучат судбината на либералната демократија во 2024 година: тоа се изборите за Европскиот парламент одржани во јуни и ноемвриските претседателски избори во САД. Иако не се потврдија стравувањата дека европските избори ќе донесат убедлива победа на екстремно десничарските антиевропски партии, опасноста за либералната демократија сè уште не е помината, било во Европа или во САД.

Иако ЕУ беше поштедена од тоа да ѝ се случи најлошото на неодамнешните избори, екстремно десничарските партии остварија значителни изборни резултати, и тоа особено во двете најголеми (економски) и најважни (политички) земји-членки, Франција и Германија. Во Германија, екстремно десничарската Алтернатива за Германија го зазеде второто место, додека централно-десничарските демохристијани и понатаму останаа најсилна политичка сила. Во Франција, екстремно десничарскиот Национален фронт изби на првото место, што го натера претседателот Емануел Макрон да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори.

Ваквата одлука овозможи Националниот фронт речиси да дојде на власт, иако катастрофата, сепак, беше избегната во вториот круг на изборите. Левицата, обединета под капата на Новиот народен фронт, изби на првото место, но не успеа да освои мнозинство. Со Парламент во кој нема мнозинство, Франција ќе биде парализирана, а тоа ќе има фатални последици за Европа. Германија сама не може да го движи напред целиот блок во насока на остварување на целта – обезбедување на својот суверенитет во свет кој денес е поопасен од претходно.

Во меѓувреме, преку Атлантикот се подготвува уште еден политички ураган. По лошите дебатни настани во јуни, претседателот Џо Бајден конечно одлучи да се откаже од трката и да го поддржи својот потпретседател Камала Харис. Но, сега пред портите е Доналд Трамп. Доколку се потврдат анкетите, тој би можел да се врати во Белата куќа во месец јануари, а тоа, исто така, би имало далекусежни последици за Европа (заедно со остатокот од Западот).

Ова нема да влијае само на руската агресија врз Украина, на суштински изменетата безбедносна ситуација во Европа или на неизвесната иднина на НАТО. Наместо тоа, таквиот развој на настаните се однесува на основните вредности и институции што ја поткрепуваат западната демократија. Ако САД се трансформираат од либерална демократија во „нелиберална“, постојат повеќе субјекти во Европа кои ќе го слават својот нов идентитет. Дополнително, никогаш не треба да се потцени степенот до кој Америка може да влијае на европските работи.

Уште едното претседателствување на Трамп не би било како последното. Трамп 2.0 би направил сè што може трајно за да ја промени Америка од либерална демократија во демократија во која слобода ќе имаат неговите автократски и авторитарни импулси. Тој би покажал нулта толеранција за своите непријатели и ривали, и никаква грижа за поделбата на власта или за Уставот. Тој веќе покажа колку далеку е подготвен да оди на 6 јануари 2021 година, кога ги охрабри своите поддржувачи да упаднат во Капитол, по неколкунеделните обиди да се поништат резултатите од слободните и фер избори.

Поради оваа причина, рускиот претседател Владимир Путин не е единствениот што се надева на победа на Трамп, туку надежта ја имаат и сите десничарско-националистички и екстремно десничарски партии, затоа што и тие копнеат да воведат исти такви промени дома.

Нашето сегашно разбирање на западната либерална демократија – поделба на власта, слободни и фер избори, владеење на правото, уставна заштита на малцинствата, слобода на изразување и други основни права – е резултат на победите на Америка во Втората светска војна и, потоа, во Студената војна. Ако САД се откажат од тоа да бидат движечка сила и водечки пример на сегашната либерална форма на демократија, либералниот Запад во целина би се соочил со опасност, а либералната Европа уште повеќе.

Победата на Трамп ќе ги зајакне и охрабри екстремно десничарските националистички партии низ целиот континент, а истовремено ќе ја зајакне и Русија поради прекинувањето на американската поддршка за Украина. Со оглед на тоа што Франција е веќе парализирана, европскиот проект ќе биде целосно препуштен на милост и немилост на оние кои сакаат да го отстранат истиот. За оние што ја ценат ЕУ, тоа претставува вистински кошмар.

Како што покажа украинската криза, трансатлантскиот Запад не може да биде поразен однадвор, но може да биде ослабен и раскинуван одвнатре. Ако Европејците повторно западнат во национализам, ние ќе ја потрошиме последната шанса да одлучуваме за нашата судбина и да обезбедиме мир и слобода за нашите деца и внуци.

Со оглед на променливото геополитичко опкружување – ривалството меѓу големите сили, подемот на Глобалниот југ, демографската слабост на напредните економии и новите технолошки револуции – Европа нема да добие уште една шанса да го обликува светот на утрешнината. Многу работи се ставени на кантар на 5 ноември 2024 година, кога Американците ќе излезат на гласање. Светот каков што го знаеме тука, во либерална Европа, би можел да престане да постои веќе следното утро на 6 ноември.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.