Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори 2025: Излезеност до 15 часот 30,26 %, Скопје 29,94 %

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто.

-Статистиката по општини е следна – излезноста во Општина Аеродром до 15 часот изнесува 28,35 проценти, во Општина Бутел 18,52 проценти, во Општина Гази Баба 20,51 процент, во Општина Ѓорче Петров 23,26 проценти, Карпош 32,40 проценти, Кисела Вода 27,45 проценти, во Сарај шест проценти, Центар 31,65 проценти, Чаир 8,83 проценти и во Општина Шуто Оризари 19,69 проценти, рече Тодоровска Алексовска.

Најголема излезеност се забележува во Општината Карпош со 32,40 проценти и Општина Центар со 31,65 проценти. Најмала излезеност за Градот Скопје се забележува во Општина Сарај шест проценти и Општина Чаир 8,83 проценти.

Во првиот круг до 15 часот излезеноста била 31,16 проценти за Градот Скопје.

Статистиката по општини е следна – излезноста во Општина Аеродром 28,35, Боговиње 26,49 проценти, Брвеница 40,83 проценти, Валандово 38,54 проценти, Виница 32,59 проценти, Дебар 26,72 проценти, Демир Капија 46,97, Дојран 46,75, Зрновци 36,26 проценти, Карпош 32,40, Кичево 31,81 процент, Конче 45,50, Кочани 26,72, Крушево 50,22, Куманово 22,10, Лозово 46,95, Македонска Каменица 34,48, Македонски Брод 36,92, Неготино 34,80, Пробиштип 49,04, Ранковце 44,64, Росоман 48,13, Струга 27,22, Студеничани 28,88, Тетово 30,94, Центар 31,65, Чешиново Облешево 38,82, Чучер Сандево 40,69, Шуто Оризари 19,69 проценти. Во првиот круг излезеноста во 15 часот била 31,16 проценти, рече Тодоровска Алексовска.

Таа информира дека гласањето до овој момент се одвива непречено и во најдобар ред. Потенцира дека сите приговори кои биле доставени до ДИК за лично избирачко право се решаваат и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас. Нагласи дека засега до ДИК нема пријавено инциденти.

Апелира до избирачките одбори на избирачките места дека треба да се дозволи непречено медиумите од државата да ја остваруваат својата дејност и да не се попречува нивното присуство. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

ВЕСТИ November 4, 2025

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во…

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.