Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ловци на уставните измени

0
By Marija Todorovska on August 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НИКИЦА КОРУБИН

Кога флагрантен дипломатски скандал, со прекршување на меѓународни правила за однос и третман на највисоки странски претставници, како што е претседателка на соседна држава; ќе се сведе на интерно постапување на член на обезбедувањето на претседателот на собранието; намерата е јасна, и жаргонска кажано „со еден удар да се утепаат две муви”.

Интересот за скандализирање на законското или незаконско постапување на член на обезбедувањето на претседателот на собранието, може само да биде дел, а никако сиже и суштина на дипломатскиот скандал. А, уште помалку скандал сам по себе. Во кој го претворија медиумите и „јавноста”, со голема помош на чудно, но вистинито, македонската, а не албанската опозиција.

Па, така на пример македонската опозиција не покажа никаков интерес да го прокоментира и целосно поддржи минатонеделното обраќање на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, за брзи уставни измени, како единствена пречка, за продолжување на ЕУ интеграцијата, во кое и самиот министер потсети дека „во предизборната кампања како коалиција ВЛЕН, сме нагласиле дека тоа е еден од клучните приоритети, исто како што е и во програмата на Владата.”; како еден од ретките кои во изминатите месеци воопшто јавно ги изговори „забранетите зборови”: уставни измени.

Но, затоа пак не пропуштија да го таргетираат трет пат, претседателот на собранието Африм Гаши. Прво пречеше законската и уставна употреба на албанскиот јазик, како службен јазик; потоа пречеше „нарушената секуларност” на неформална седница во која едвај се „протна” одбележувањето на меѓународниот ден на сеќавањето и осудата на негацијата на геноцидот во Сребреница; за на крајот поголем скандал за “јавноста” во која солидарно се приклучи и СДСМ, да биде поведението на еден член на обезбедување (кој секако има механизми да биде санкциониран) на сметка на поведението и угледот на цела држава кон највисок странски дипломат. Чудна перспектива и приоритети, за до неодамнешните „предводници за ЕУ интеграциите”.

Дали според овие реакции можеме да заклучиме дека за “јавноста” и македонската опозиција, во моментов „најслаба” карика е претседателот на собранието? И дали тоа го прави “најлош” дел од власта, според нивните критериуми, кој константно треба да биде критикуван? А, Алтернатива последователно, „најслаба” карика во коалицијата ВЛЕН?

Никаков аплауз, пофалба и охрабрување нема за (барем) декларативното залагање за уставните измени? Како единствени носители на највисоки јавни функции, што воопшто го споменуваат најважниот процес за иднината на Северна Македонија? И како претседател на собранието кој и ќе го води процесот? Па, грев ли е тоа или предност?

Одговорот ќе треба да го дадат тие што се на позиција да даваат одговор. Бидејќи, законодавната власт е власт, без разлика дали е „власт или опозиција”. А, се уште никој официјално и формално, освен посочените, ниту ги споменал, а уште помалку ги поднел во процедура уставните измени.

Наместо тоа, се игра познатата игра на албанофобски „лов на вештерки”, со заокружување на кругот на скандализирање на односите и со Република Косово, како кариката која недостасуваше во „сите соседи се лоши, само еден е добар”. Внимателен „лов” со прецизни „таргети” се чини. И со подеднакво “селектирање” на однапред определените „виновници”. А, каков шмек има оваа локално-регионална игра, времето ќе покаже. Истото време, кое тече и за уставните измени. Можеби за некого се „таргет”, но за нас се единствена цел.

Кон иднината, за која мора да имаме рационална сегашност.

Преземено: Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

ВЕСТИ October 17, 2025

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални…

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.