Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Не туку трчајте толку брзо и толку посветено по Трамп – ај што ќе се препнете туку ќе ја до кутнете и држава Македонија

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Зоран Иванов

Својот втор претседателски мандат, Доналд Трамп, 47-от претседарел на САД, го почна бзо.

Неочекувано динамично.

Брзо дури и за неговите Републиканци.

Уште побрзо за неговите гласачи.

И шокантно пребрзо за европските партнери.

И сега многумина полтронисти на брзина се пресвлекуваат во Трамписти и итаат да се адаптираат на хировите на новиот светски вожд.

Дури и домашниве провладини аналитичари, провладини дипломати, провладини уредници по македонскиве национални ТВ, длабоко загазија во тешки дебати како тоа сега во овие нови Трампови околности да се позиционира државава Македонија Северна.

Или, попрецизно, колку тоа анахроно и да прозвучува, политика на што поблиску до Трамп, толку по шеф дома. Толку по суверен, по моќен владетел во својата веќе ептен немоќна Македонија.

Згора, фактот што и нашиот мал трампист, нашиот актуелен премиер, за кусо време пак ќе патувал во трамповата татковина, бил силниот аргумент наместо во ЕУ, Македонија бргу и ментално и стратегиски да се прешалтува преку барата и веќе ич да не ја шиша ЕУ. Практично, порачуваат провладините интелектуални трабанти, Македонија да ја откачи ЕУ и да се закачи за оваа сегашна политички Трампова САД.

И се’ ќе е така фино ако овдешниве наши, со нивните полтронски пориви залепени за оваа Трампова шашма политика, навреме не согледаат дека спринтот на Трамп, главно оној на тамошната домашна американска сцена, почнува да се крши прво во американскиот правен поредок кој веќе му запре, му обори, па и за ништовни му прогласи еден куп чаламџиски, а правно неиздржани одлуки и дека американската јавност, прво онаа институционалната како ФБИ од каде што, наспроти претседателските овластувања, како непринципиелен политички притисок од позиција на моќ, им побара оставки на сите тамошни шефови, тоа идентично и за началниците на ЦИА за да стаса до моќниот Пентагон кој го нападна со непроверени, со можни, но сепак паушални обвинувања за тешки корупции таму, потоа со засега спорадични негативни реакции од неговите Републиканци, па се’ до уште само никулци од реакции на најшироката американска демократска јавностна за неочекуваните тоталитарни потези на нивниот претседател.

Јавност американска е негувана таа негова позиција претседателска да е чуварот, а не ништачот на нивните  демократски права и слободи.

И е научена дека тој, нивниот претседател, не е суверенист на државата туку дека е тој суверенот на либералното американсканско општество. И дека таму за каде што е избран, не е за да им биде контролор на нивните животи туку да им биде совест на нивните обврски но и на нивните граѓански прва.

И дека нивниот претседател, претседателот на САД, е тој грижлив палир на светската демократијата.

На онаа каква што до вчера современиот свет ја познаваше и на која огромното мнозинство Американци беа горди.

Граѓаните на САД се уште не се брануваат против тоталитарните манири на Доналд Трамп. Сепак, општеството на САД веќе млако занишува. Засега само како полека да отрезнува од брзите и, за слободарските САД, во добра мера шокантни антиамерикански потези на американскиот претседател.

Затоа, овдешни македонски Трампови суверенисти, забавете малку.

Држете се до оваа каква таква ЕУ и не туку трчајте толку брзо и толку посветено по хировите на Доналд Трамп.

Ќе се препнете.

И ај што ќе се препнете вие, туку ќе ја кутнете и ќе ја до урнисате и оваа наша, каква таква, па сепак се’ уште некаква и низ маки освоена македонска демоктатија.

 

 

зоран иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.