Македонија во наредниот период ќе отвори два нови почесни конзулата, по еден во Хрватска и во Турција. Нивното отворање е по предлог на Министерството за надворешни работи (МНР) и беше прифатено на денешната седница во Владата.
„Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи да бидат отворени два нови конзулата – почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Хрватскa, со седиште во Риека, и почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Турција со седиште во Сивас“, информираат од Владата.