Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија возеше во рикверц меѓу Токио и Париз

0
By Zoran Ivanov on August 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Олимпискиот циклус меѓу овие две олимписки игри не го искористивме да се надградиме, туку напротив назадувавме. Така велат резултатите.

Благоја Георгиевски

Многупати сме виделе како наши политичари чекаат во ред за да се сликаат со некој спортист што направил резултат, но потоа многу често спортистот е заборавен, оставен на себе, како што бил и пред тоа.

Споредено со резултатот од ЛОИ Токио 2020, Македонија направи чекор наназад со остварувањата на нашите спортисти на ЛОИ Париз 2024. И тоа голем чекор. Во Токио освоивме еден медал, среброто на теквондистот Дејан Георгиевски, а во Париз останавме без медал.

Олимпискиот циклус меѓу овие две олимписки игри не го искористивме да се надградиме, туку напротив назадувавме. Така велат резултатите.

Македонските спортисти што настапија во Париз воопшто не се виновни за тоа што движењето на македонскиот олимписки спорт меѓу две ОИ е во рикверц. Секој од шестемина македонски претставници во Париз направи најдобро што можеше, вложи најмногу од своите потенцијали за да оствари што подобар резултат. Дарио Ивановски трчаше и повреден само за да ја заврши маратонската трка, го ризикуваше здравјето за да не се откаже и да ја разочара македонската јавност.

Теквондистката Мила Рељиќ покажа дека во неа има потенцијал да совлада вистински асови во овој спорт. Ех, да имаше соодветни услови за подготовки во предолимпискиот циклус… Слична констатација, помалку или повеќе, може да се донесе и за другите наши спортисти.

Не изостана ни поддршката до нашите спортисти од пошироката јавност. Сите се обидоа да постигнат што повеќе, јавноста главно ги бодреше, се солидаризираше. Но, останува фактот дека напредок за македонскиот спорт нема од Токио до Париз. Напротив!

Институциите и органите во нашава земја, најпрво оние кои се директно инволвирани во спортот, но не само тие, туку многу други, како и многупати досега, не си ја завршија својата работа Македонија во Париз да отиде со повеќе олимпијци, со повеќе остварени олимписки норми и да заврши со подобри резултати.

Како општество не правиме ни оддалеку доволно за спортот, за проширување на спортската база, за надградување на инфраструктурата, за подготовки и натпревари на елитните спортисти за да очекуваме системски константен напредок во оваа област.

Безброј пати досега сме виделе како организации директно инволвирани во спортот се однесуваат како рогови во вреќа, работат еден против друг, за којзнае какви цели, само не за напредок во спортот, за полза на спортистите.
Многупати сме виделе како наши политичари чекаат во ред за да се сликаат со некој спортист што направил резултат, но потоа многу често спортистот е заборавен, оставен на себе, како што бил и пред тоа.

Не се работи како што треба почнувајќи од темелот па нагоре, па и резултатот кога ќе дојде време да биде направен, отсуствува. Нашите најдобри пливачи сами си ги плаќаат тренинзите во базените, нашите теквондисти, па и други спортисти, се самофинансираат за да опстанат, салите им ги затвораат за време на распуст, нашите атлетичари се пресоблекуваат и тренираат на ливади, наместо на соодветни терени…

Апсурдите се множат. Нашите борачи веќе не се конкурентни како што беа во добрите стари славни денови, па бараме странци да настапуваат за Македонија… Каде се новите Трстена, Сејдиу, Шоров…? Сигурно не се во Русија. Што сме посеале, тоа и ќе жнееме.

Не можеме да се мериме ни со соседите, кои најчесто одат напред. Косово, кому ова му се трети Игри во историјата, освои два медала во Париз, како и во Токио. Србија настапи дури со 113 спортисти, освои пет медали, од кои три злата, Албанија има два медала, односно еден повеќе од Токио. Хрватска со своите 73 спортисти освои седум медали во Париз, Словенија со која толку сакаме да се споредуваме веројатно поради бројот на жители, настапи дури со 90 спортисти, освои две злата и едно сребро…

Олимписките игри се финалето на еден циклус што трае четири години, а се вика олимпијада, каде што се покажуваат резултатите од работата. Ако не сте им создале услови на вашите спортисти максимално да работат во годините што претходат на Игрите, ќе одите на нив со покани (т.н. вајлд карти) и со геслото – важно е да се учествува. Не е ни тоа лошо, но светот оди напред, а ние во спротивна насока. Ако продолжиме вака, на Олимписки игри и на други големи натпреварувања само инцидентно ќе имаме добри резултати (ако имаме среќа), а не системски долгорочен напредок и трофеи, како што треба да биде во една нормална држава. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.