Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ги совлада Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година.
Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.
За Црвено-жолтите следното првенство во Хрватска и Данска ќе биде деветто светско.