Бранко Тричковски: Вие сте за Македонија тоа што Енола геј беше за Хирошима, шумски пожар кој триесет и пет години не престанува да гори и уништува сѐ пред себе, вие сте хероин помешан си гипс во дози кои го анестезираат Македонецот до нивото кога, всушност, е на границата кога му е подобро да умре отколку да прави деца за да го исполни својот патриотски долг. Деца кои ќе ги чуваат коските на Гоце Делчев и ќе се борат некој да донесе резолуција за нивниот идентитет и јазик. Идиотлук над сите идиотлуци.
Јас мислам дека децата што треба да се родат во таков амбиент и со такви патриотски задачи и идеи, демек „да ја чуваат иднината на Македонија и на македонскиот народ“, не треба да се зачнуваат.
Сакам на крајот да кажам дека раѓањето не е решение за Македонија, туку смртта: Или на вмро или на Македонија. Трето – нема!