Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малку сме, ќе не’ прегазат? Па тоа ни прават…

0
By Zoran Ivanov on August 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борче Трајковски

Не делуваа бомбите на СДСМ за да голем дел од гласачкото тело на ДПМНЕ го смени мислењето за челниците на партијата.

Тие повторно гласаа за нив, за Груевски и тајфата апашка, иако слушнаа како ги местеле изборите, како краделе гласови, како купувале гласови, како делеле лажни лични карти, како носеле гласачи од пм, како се луксузирале со мајбаци и распашаност по светските хотели, како поставувале судии и обвинители, како одредувале милионски провизии од значајни зделки, како купувале плацеви на Водно за џабалак, како минирале грандиозен објект за да некому му тече низ ногавици, како издавале посредни наредби за шамари, како ја финансирале партијата.

Не.

За нив тоа беа жолти комбиња со информации за нешто малку вистинито, нешто полувистинито, за највеќе невистинито. Ним не им беше доволно што го слушаа со свои уши, и резонираа со свој памет. Најважното за тоа обелоденување на најголемиот криминал во земјава, беше фактот дека тоа го презентира СДСМ, политичкиот конкурент, и непосредна опасност од губење на власта. Тие повторно гласаа за ДПМНЕ, за Груевски и најкриминалната банда од таа замрзната “Бела палата“…

Убеден сум дека и чичково од вистинскава приказна што следи гласал за нив, затоа што ќерка му вработена во Општина Петровец така му рекла. За што станува збор? Ќе се обидам да ја стегнам прикаскава до максимум, вака идеше.

Помеѓу стотиците покани до граѓани кои лично ги предавав на повиканите од СЈО, ќе ја издвојам оваа затоа што покрај многу други слични изјави, оваа ми остави најсилен впечаток:

Зима со снег. На периферијата на излезот од Општина Петровец, лево на аголот од крстосницата, плац ограден со плетена жица, и иста таква дрвена порта со две крила, скршена. Едната страна падната, па да ја отвориш треба да го подигнеш крилото и да се упатиш кон куќарка на пеесетина метри од тука, стара и мала, трошна куќарка, настрешница пред влезот затворен со врата со неколку стаклени рамки на горната половина, растурени стари чевли на калосаната черга пред вратата, сите без врвки и подгазени петици, од чиј оџак излегуваше бел чад, што значеше дека има некој внатре, и неколку кокошки како се обидуваат да најдат зрнце пченица под белата снежна покривка.

Тропнав и викнав по господинот чие име беше запишано на поканата. По кусо време вратата ја отвоти подгрбавен човек, збрчкан во лицето, со алишта одамна износени и неиспрани, со каскет на главата и кога ме виде го рашири суратот во насмевка.

Се израдува што некој дошол пред неговата врата. Му се претставив полека, прво – како си, како живееш, здравјето те служи ли, пензија земаш ли, и на сите прашања ми одговараше со мумлање, ама демек, добро е, добар сум.

Му кажав кој сум и секако му кажав зошто го барам. Му реков, дека уплатил поголема сума пари на ВМРО-ДПМНЕ, па нас не’ интересира да го објасниш тоа, и треба да дојдеш во просториите на СЈО.

Под настрешницата мала масичка со една расклатена коклица од страната. Ги стави стапалата со волнени чорапи во еден отворен пар чевли пред вратата и седна на коклицата. Ја наведна главата и молчеше.

После триесетина секунди ја крена, и видов дека плаче, онолкави солзи течат низ браздите на згужваните образи. Му требаше малку време да се зоземе.

Чекав.

Ми рече; Ги дледаш ли оние кокошки синко? Ако не ми снесат јајца немам што да јадам, а камо ли да уплаќам пари на политичари. Ама, знам кој го направил тоа и знам дека нема да испадне на арно. Ќерка ми работи во Општината овде, и таа ми дотрча со налог од банка да потпишам дека уплаќам пари таму. Нит пари видов, нит пари сум давал. Таа е вистината…

Вакви случаи со кои лично се соочував имаше многу, и повеќето од нив ги потврдија исказите во СЈО…

Џабе од толкав број живи сведочења за начинот на кој се финансирала ДПМНЕ, џабе, кога ќерка му на овој лик од приказнава и тогаш и сега сигурно му рекла дека пак треба да гласа за нив…

Кај сме “Шарени“? Малку сме, ќе не прегазат? Па тоа ни прават…

Тенкју…

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.