Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мамо, ти си љубов!

0
By Zoran Ivanov on January 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И слеп, несомнено. А, во тоа слепило, дури и јас отворав само мало прозорче тогаш кога сакав да те молам за прошка и да изнудам камата. Еј, се претворав во гнасен лихвар оставајќи те на дното само за да поттикнам привлечност кај некои други. Некои други кои денеска ги нема. Исчезнаа како изгорени тела во крематориум чија пепел е во урна со дијагноза на шизофренија.

Tина Иванова

Мамо, дотерана си, фустанот сè уште убаво прилега на тебе. Малку се избледени црвените ружи, но барем трњето повеќе го нема.

Мамичке, ова руменило чини магија! Те краси со свежина и радост. Образите ти се како на куклата којашто често ја бришеше од прав и ја чуваше на полицата во мојата детска соба, дури и кога мене ме немаше таму. Ја остави иста, за среќни спомени. Ниту лектирите не ги даде, велеше:,Внатре е твоето име”.

Мамо, ако некој некогаш ме праша, која е најинтелигентната личност којашто ја познаваш од светската историја, ќе кажам: Мајка ми!” Сите непознати равенки ги ,,пукаше” како брз куршум совладувајќи ги и најтешките животни борби. Те замислував како моја хероина, качена на коњ, а во раката меч исправен кон небото. Победа!

Мамичке, хуморот твој беше природен кантарион за моите отворени рани, мед за искривената миговна перцепција којашто ме толчеше како да сум во лавиринт без излез, отворена рампа за влез во рајот – твојата прекрасна градина со разнобојни ружи, или пак, излез од мрачните шумски патеки коишто ми ги цртаа мислите.

Колку солзи проголта мајко, мои, твои, сечии? Каде ги собра, каде се излеаја? Во реката на заборав во којашто исчезнуваат болките? Во твоето кревко срце кое пукна како брана? Не издржа, кутрото. Или, исчезнаа во одводот заедно со врелата вода под којашто пееше молитви за здравје и мир?

А, песната, мајко моја, беше знак дека си среќна! Колку е прекрасен животот кога пееш. Во тие слики сè е во ред со мене. Италијанските шлагери се мешаа со мирисот на загорени палачинки и звукот на лажица којашто гребе на стакло – остатоци од мармалад од стара тегла. Филмска лимонада за привидна среќа. Beautiful.

Секое мое кинење на душата ти го шиеше со конци во шарени бои и создаваше пејзажи како од ,,Вилеров гоблен”. Ах, мајкице, колку вешти раце имаше. Не знаев дека под тие длабоки бори татнее торжествена тегобност! Извини. Раце за гушкање и кога најмногу те болеа од триење, мешање, чешлање, рибање, раце за галење и кога кожата ти беше изгорена од беспомошност, раце за утеха и кога беа крвави од тежини.

Мамо, зошто си сега сама? А, многу си убава. Ти си најубавата жена на светот. Всушност, не е ништо поразлично од другите денови. И тогаш беше сама, а исто волшебна, грижлива и нежна за сите. За тебе не остануваше многу време, оти мораше да го искористиш сето за задоволување на туѓите пориви чиј светоглед беше кус колку џуџето од циркусот ,,Европа”. И слеп, несомнено. А, во тоа слепило, дури и јас отворав само мало прозорче тогаш кога сакав да те молам за прошка и да изнудам камата. Еј, се претворав во гнасен лихвар оставајќи те на дното само за да поттикнам привлечност кај некои други. Некои други кои денеска ги нема. Исчезнаа како изгорени тела во крематориум чија пепел е во урна со дијагноза на шизофренија.

Зарем, требаше да се сомневам дека ќе ми простиш? Колку сум била глупава. Последниот здив мене ми го даде мамо и остана вљубена до крај, исто како кога ме здогледа првиот ден. Оној ден којшто се повторува еднаш во годината, кога ме гледаше како се претворам во тебе. Со истата таа блажена насмевка, шепотејќи ги истите зборови, во ист редослед: ,,Никој не можам да сакам повеќе од тебе. Никој, никогаш”.

А, сепак, те гушеше осаменоста којашто те вовлече во мракот на репетитивното секојдневие.

Мамо, знам дека се плашеше. Секој ден, секој час. Но, не знам каде го криеше стравот, тој злосторник којшто не те остави намира да ја испееш дурската мелодија докрај. Можеби го собираше заедно со пајажината на плафонот и го расфрлаше низ воздухот како ориз за свадба. Можеби…

Мамо, сега цревата нема да треперат од немир. Твојот спокој ги милува црвените ружи на фустанот од лен. Заспа конечно без чекање на нешто, на некого, на милост, на сочуство, на правдина, на љубов. Секако не ти требаа, само не беше свесна за тоа. Ти, мамо, самата беше љубов. Љубов претворена во живо човечко суштество.

А, сега, сега јас ги кажувам твоите зборови: Никој не можам да сакам повеќе од тебе. Никој, никогаш”.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.

тина иванова текст поезија проза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.