Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Не ги разбирам тие што плачат, Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

0
By Zoran Ivanov on October 11, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна група составена е професори од универзитети во земјава кои ќе разговараат за моделите и предложените закони, и ќе го изнесат најдобриот закон со кој ќе се регулира прашањето за правична и соодветна застапеност на етничките заедници Македонија.

Законот ќе биде во духот на тоа да се почитува уставната категорија на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во Македонија со тоа што нема да му се даде можност на Уставниот суд во иднина да го укинува овој закон како што досега укина неколку закони. И тука доаѓаме до суштинскиот проблем што албанските партии во минатите влади ни го оставија во наследство – дозволија закон или закони кои се донесуваат со многу труд и политички вложувања да се носат со две мнозинства (со просто мнозинство и Бадентеровото мнозинство) и му овозможија на Уставниот суд утре да ги укине само со просто мнозинство.

Ова е главниот дефект што го оставија оние кои денес плачат, бидејќи да беше поинаку, на седницата за балансерот тројцата судии (двајца Албанци и еден турчин) гласаа против и немаше да се укине механизмот за балансерот. Овој дефект го наследивме од ДУИ, не ги имаат решено прашањата како што треба и ние се занимаваме со неуспесите на ДУИ и другите кои беа дел од претходните Влади. Актуелната Влада има политички и демократски капацитет за да најде решение кое ќе ја почитува уставната категорија на правична и соодветна застапеност на Албанците и другите немнозински етнички заедници во јавната и државната администрација, не давајќи му никакви шанси на Уставниот суд во иднина да го укине, рече Меџити.

Првиот вицепремиер потенцира дека согласни се оти рокот на балансерот поминал и неопходен е нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници.

Не ги разбирам тие што плачат, затоа што истите тие во 2023 година на седница на Владата гласаа за Стратегијата каде бараа да се укине балансерот. Ова по седницата го изјавија и премиерот Ковачевски и други функционери.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.