Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и претставници на Хамас, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото поради војната во Газа и нападот на 7 октомври 2023 година во Израел, што доведе до конфликт.
Оваа одлука, според медиумот, ги става Нетанјаху и другите осомничени на меѓународната листа и веројатно дополнително ќе ги изолира и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за ставање крај на 13-месечниот конфликт.
Нетанјаху и другите израелски лидери го осудија издавањето за налог на главниот обвинител на МКС Карим Кан како срамно и антисемитско.
Американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, го осуди обвинителот и изрази поддршка за правото на Израел да се брани од Хамас. Хамас исто така силно го критикуваше барањето.
Сметаме дека постојат разумни основи да веруваме дека и двете лица намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од средствата неопходни за нивниот опстанок, вклучувајќи храна, вода, лекови и медицински материјали, како и гориво и електрична енергија“, напиша трочлениот судиски совет во едногласната одлука за издавање налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Галант.