Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, кој води на парламентарните избори во Франција, вечерва изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот.
Макрон мора да го признае поразот. Тој има должност да ја повика нашата коалиција да формира влада, рече Меланшон.
Тој посочи дека „поразот на Макрон дефинитивно е потврден“, додавајќи дека премиерот на Франција, Габриел Атал мора да ја напушти функцијата, пренесува Фигаро.
Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места во парламентот.
Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон би можела да освои меѓу 150 и 180 места.
Крајно десничарската коалиција Национален собир на Марин Ле Пен е на последното место со очекувани 120-150 места, а според анкетата на ИФОП.
Според Би-Би-Си, и сите големи ТВ канали проектираат победа на левичарскиот сојуз, а не на Националниот собир на Марин Ле Пен и Џордан Бардела.
Исти резултати објави и француската државна телевизија.