Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемо луп

0
By Marija Todorovska on August 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ана Чупевска

Ми се чини дека имаме сериозен проблем со “меморијата”, а можеби и носталгијата. Сама по себе, ќе речат сериозни филозофи, носталгијата е “контрадикторен концепт” (Б.Радник). И на линија на Хегел, самата дијалектика на носталгијата подразбира извесна контрадикторност.

Тоа е заради однапред детерминираната релација кон реколектирањето, селективното меморирање во и вон историското време (па и простор), а согласно нашите искуства, дури и во непосредното време  (и простор).

Овде и сега.

Што значи ова?

Вулгарно кажано, македонецот денес, е пикнат во мемориски (носталигизиран) луп од наводното “гордо” минато. Па, му ја одзеле некогаш обединетата земја Велика Македоња, која делете ја, парчете ја, пак ќе биде наша најмила.

Звучи, како да се случило во исчезнатото време, нели?!

Утабан во носталгија кон некаков си измислен државно-идентитетски субјективитет (сонот за ИРИДЕНТА), повторно, вон реално време и простор не успеава да излезе од истиот мемо луп. Мемо лупот е секвенциониран и во митогенеза која најбезобразно и дрско ги спои и изедначи по важност врховистите и партизаните (sic)!

Кон ова секако, лупаат тарабуки, со додадатни етно -екслузивистички и ксенофобични дрндупки кои се протегаат: од пиварска Антика, албанофобија, бугарофилија и фобија, исто им е; меџународна конспирација и американска доминација.

Иначе супер си бевме ние.

My ass, си бевме.

Тешка будалаштина.

Во мемо лупот нема никаква свест и реалитетна адеквација ни за АСНОМ, ни за Првиот Устав, ни за ОРД, ни за Преспа, ни за НАТО. И покрај тоа што овие конститути и де факто и де јуре го бетонираат субјективитетот и идентитетот.

Како е можно напр. за ОРД да посведочиме на онакви интерпретативни варијации и на различни комеморации? За Преспа уште повеќе?  Како е можно, воопшто , мемо лупот да е одржлив во минато што не ни постои и по секоја цена ја негира реалноста.нА што се однесува до дестабилизација, токму прв он треба да биде дестабилизиран.

Мемо лупот.

Со други зборови, тоа што реално постои и има суштиска важност за идентитетот и субејктивитетот (народен и државен) се третира како удар врз битта на Македонската свест?! Наместо обратно.

Уште полошо е тоа што овој проект е потпомогнат со флагрантна медиумска и политичко-партиска фанатичност. Дури и со пари се инженира таа носталгијата од “непознато потекло”. Така, доаѓаме до очигледниот немилосрден ефект врз самата сегашност, во која има само отсуство на свест.

Напр. село гори баба се чешла, денес не е поговорка, туку е наша брутална реалност. Нула свест за себе, за идентитетот, за државата, а најмалку за иднината. Па кога свеста ја нема, автодеструкцијата е неизбежна.

Погледнете, изгоре националниот парк Галичица.

Приметивте ли? Изгоре!

НАЦИОНАЛЕН ПАРК!

Еднаш реферирав на Латинка П., според која, шанса за опстанок на малите народи/држави/ нации е можна само ако имаат еманципациски рефлекс, и само ако се прогресивни! Во спротивно, ќе се самоуништат. Дека ова е точно, има доста примери ширум светот и се плашам дека тука е веќе лоциран и уште еден case in point.

Се чешламе, ние овде.

И ќе се чешаме, веројатно…

Самоуништувањето, од оваа перспектива, испаѓа дека е нужен резулат на една пред се неинтелегенција или неможност за адаптација кон реалните околности или можеби отсуство на визија за нашата иднината како последица на некои лични амбиции и само пуста желба за власт. Ова, особено, заради нашиот севкупен однос кон современоста и прогресот кои се негираат.

За греота.

А реалните околности се естремно предизвикувачки како од техничко технолошки, така од енвироменталистичка, управувачка/демократска природа, па дури и космичка, ако сакате…

Затоа и верувам дека дојде крајно време прогресивно да се одговори и во чекор со историските околности и контекст.

За да опстанеме.

Мислам, ќе мора и да го дестабилизираме, во тој правец, прво: мемо лупот.

Луѓе, мора веќе еднаш да се ослободиме/ еманципираме од таа уназаденост, носталгии, но и од мејнстримизираните измамници.нПоследниве успеаа сериозно да интевенираат во меморијата, преку тенденциозното индуцирање на без-свесни образци, со dirty dancing актракции од најдолен вид. Дајте ми една причина зошто да не го направиме тоа или можеби веќе ефектот на жива кал е појак од нас?

Преземено: Либертас

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.