Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветар од јужен правец. Утринските температури ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, а дневните од 14 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во среда ќе се задржи суво, но претежно облачно време. Од четврток ќе дува засилен јужен ветар и ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни. Во петок и во сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер.