Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мили комшии, помагајте

0
By Zoran Ivanov on July 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашиот почитуван премиер воопшто и не мораше да објаснува зошто и како троши пари, затоа што како премиер, може да прави што сака и со парите и со нас, доколку е тоа исклучиво на државата, но најмногу на народот, кој е круната на демократијата за ваквите великани – политичари.

Биљана Секуловска

Исклучително се безобразни критиките кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – зошто патувал во бизнис-класа во Вашингтон, на Самитот на НАТО. Вкупната сума за авионските карти е само 20.000 евра, ако се пресметаат трошоците и на другите министри, кои патувале со него.
По хорските напади, исклучиво од опозициските медиуми, кои се познати и како блуткави остатоци од соросоидните северџани, Мицкоски мораше да го возврати ударот, кој ги нокаутираше сите овие новинарски изроди. Досега невидена понизност кон народните пари е оваа транспарентност и отчетност на нашиот посветен премиер – со видлива огорченост овој човек се правдаше дека го болат колената и практично бил принуден на ваквиот луксуз.
Со ова, Мицкоски ја потврди мизеријата на ваквото практикување на новинарството – тоа е сè што повеќе не ѝ треба на оваа земја и тоа нашиот нов премиер се надеваме дека ќе го поништи како никогаш да не било. Никогаш повеќе не смее да се дозволи да се копа длабински во туѓите животи, да се проверуваат нивните лични сметки, заработени со ужасни стресови и непроспиени ноќи, да се следат функционерите деноноќно. Сето ова може да предизвика сериозни психосоматски заболувања кај нив, но тогаш може да биде и предоцна.
Затоа, навреме мора да се пристапи кон методите на истребување на новинарските гниди, по примерот на врвни политички дезинфектолози, како што е блескавиот пример на драгиот прв комшија Вучиќ, или уште потемелниот во егзекуција, пресветиот Орбан.
Затоа што, ако сме чесни, нашиот почитуван премиер воопшто и не мораше да објаснува зошто и како троши пари, затоа што како премиер, може да прави што сака и со парите и со нас, доколку е тоа исклучиво на државата, но најмногу на народот, кој е круната на демократијата за ваквите великани – политичари.
Конечно, сега како премиер, на Мицкоски и не му прилега да се клацка заедно со останатите колеги, нивните екселенции, министрите – во економска класа. Тие, пак, за разлика од Мицкоски, не понудија никакво објаснување за колената, но да се остане чесен до крај и да се признае – нема зошто да се оправдуваат сите овие врвни функционери, кои се жртвуваат на далечни патишта за неблагодарниците новинарски.
Некои од луѓето од власта, мислам само на оние низ децениите, некои од политичарите, го започнале животот од трагичен минус, кој сонувал да се врвне во височините на најголемата нула. Денеска нивните банкарски конта се длабоко скриени низ светските банки, имотите кои се на располагање на увид на јавноста се мизерен процент од она што навистина се поседува. Мислам на поранешни функционери секако, не ми паѓа на памет да кажам дека станува збор за сегашни, свесна за новинарските егзекуции што претстојат. Сето ова е заслужено добиено, затоа и Венко Филипче како нов лидер на СДСМ излезе со генијална идеја за нов Кривичен законик, понизно признавајќи дека е направена огромна грешка. За среќа на Филипче, но и нас, криминалните, корупциските дела, истрагите, судските процеси, сè е застарено за функционерите од оваа власт и нивната партија. Тие добија сè што им припаѓаше, откако онаа стара нула за која сонуваа, се претвори во многу цифри што не се ни пребројуваат. А граѓаните, народот во кој се колнат кога се крстат – како и секогаш, ја доби честа да им служи додека е жив. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.