Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милионерите на Мицкоски ќе се борат со криминалот и корупцијата. Дали ветингот од 1990-та до денес е најдобриот „лек“?

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интересно е што Мицкоски во анкетниот лист пријавил дека има два часовника, кои ги поседува од 2015, односно 2016 година. Едниот чини 2.384.202 милиони денари, додека другиот часовник е 824.052 илјади денари. Премиерот Мицкоски не објаснил како ги набавил овие два луксузни часовници од швајцарски марки.

Дестан Јонузи

Премиерот со скапи часовници, министри и државни функционери, акционери во значајни претпријатија, бројни станови и дебели банкарски сметки. Од каде е изворот на овие материјални добра? Дали овие функционери се толку штедливи што успеале да имаат толку големо богатство?

Ветинг или закон за потеклото на имотот?

Ако сакаме државата и општеството да напредуваат, ветингот мора да биде задолжителен, смета политичкиот аналитичар Дритон Зенку.

– Ветингот би бил реален и значаен, доколку почне од почетокот на политичката плурализација. Сведоци сме дека со приватизацијата се случи голема корупција. Се проценува дека со продажбата на корпорации и големи државни претпријатија биле злоупотребени милијарди евра. Суштината на злоупотребите се случи токму од 1990 до 2005 година, кога ги приватизираа последните државни гиганти. Се создаде моќна олигархиска елита и корумпирана политичка класа. Ако сакаме да се исчистиме со криминал и корупција, треба да почнеме од почеток до крај. Тогаш ќе можеме да кажеме дека ја исчистивме корупцијата од минатото и создадовме позитивните практики за сегашноста и иднината. Сè друго би било фасада, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

Билјана Ивановска – поранешна претседателка на Државна комисија за спречување на корупција во изјава за „Фронтлајн“ вели дека еден од основните закони, кои се неопходни за спречување, но и за борба против корупцијата, е Законот за потекло на имот.

– Нашите заложби, како членови на поранешната ДКСК, за донесување на ваков закон датираат уште од 2019 година, односно уште од почетокот на мандатот, кога работејќи по предметите проценивме дека постои висок ризик избраните и именувани лица да не го пријават целиот имот на свое име. Советот на Европа обезбеди стручна поддршка за подготовка на нацрт текстот на Законот, но целта за донесување на Законот во суштина се промени. Имено, идејата беше да се обезбеди електронско поврзување на бази на податоци каде што се евидентира имотот на граѓаните, секако и банкарските сметки каде што се гледа текот на паричните средства, со цел граѓаните кај кои постои ризикот од легално богатење, веднаш да излезат на површина, вели Ивановска.

Законот, информира таа, требаше да ги опфати сите граѓани и да опфати одреден период наназад.

– Но, во отсуство на политичка волја за еден ваков закон за потекло на имот, всушност, се донесе само закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој што сметам дека не ги покрива сите ризици во целост, нагласи таа.

Функционерите на Мицковски тежат милиони евра

Националниот координатор за демографија во Владата, Влатко Ѓорчев, во анкетниот лист што го доставил до Државната комисија за спречување на корупција навел дека поседува недвижнини од половина милион евра и акции во компании од САД.

Тој пријави станбена куќа од 250.000 евра во Бардовци, стан во Кисела Вода со вредност од над 150.000 евра, а од 2022 како подарок добил куќа од околу 40.000 евра и земјиште во Трстеник од 53.000 евра.

Некогашниот гласноговорник на својата партија има акции во пет американски и една германска компанија. Најголемиот удел номинално му вреди околу 275.000 долари во фонд на „Стандард и Пурс“ од САД. Останатите удели се со далеку помала вредност.

Од возила, има „фолксваген шаран“ со актуелна вредност од 25.000 евра и „фиат 500“ со моментална проценета вредност од 12.000 евра.

Има шест девизни и трансакциски сметки во земјата и две трансакциски сметки во Хрватска. Во анкетниот лист е наведена дивиденда во износ од околу 2.000 евра. Објавено е името на неговата маркетинг агенција – Г4 Стратегиес анд солутионс. Платата која ќе ја добива како национален координатор е 112.279 денари нето.

Во својата реакција, Ѓорчев нагласи дека целиот негов имот има документирано потекло, со сите потребни правни и банкарски докази, и дека нема ништо спорно во врска со неговите имотни трансакции.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, поседува куќа во Влае, купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје. Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот девизи во штедната книшка, а од долгови, пак, Премиерот пријавил и дека има кредит од околу 400.000 денари.

Интересно е што Мицкоски во анкетниот лист пријавил дека има два часовника, кои ги поседува од 2015, односно 2016 година. Едниот чини 2.384.202 милиони денари, додека другиот часовник е 824.052 илјади денари. Премиерот Мицкоски не објаснил како ги набавил овие два луксузни часовници од швајцарски марки.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска има најмногу пари врзани во недвижности. Таа пријавила живеалишта вредни над 1 милион евра. Таа поседува два стана во Центар, едниот со површина од 87м2, а другиот од 60м2. Поголемиот стан вреди 80.000 евра, а помалиот 60.000 евра. Поседува и четири стана во странство од кои два во Шпанија, еден во Португалија и еден во Србија. Едниот стан во Шпанија вреди 335.000 евра, а другиот 225.000 евра. Станот во Португалија е проценет на 162.000 евра, а станот во Србија 157.476 евра.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.