Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ  

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.

Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.

Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.

Со номинациите е испратен моќен сигнал, моќен европски демократски сигнал, бидејќи ги земавме предвид изборните резултатите, порача Мишел.

Тој најави дека сега ќе продолжи институционалната процедура за избор на претседателката на Европската комисија и на високата претставничка од страна на Европскиот парламент.

Сега Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога и ќе ја покаже својата одговорност, додаде Мишел, посакувајќи им успех во работата на новите носители на врвните позиции во ЕУ.

Новоизбраниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта во обраќање на прес-конференцијата преку видео конференциска врска, им се заблагодари на европските лидери за укажаната доверба со неговиот избор. 

Тој изрази задоволство што ќе биде дел од тимот со Фон дер Лајен и Калас, кои како што рече, се „извонредни Европејки“.

Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде многу успешна во служењето на Европа и на европските граѓани. Европа и светот се соочуваат со предизвикувачки момент, но Европската унија ја манифестираше својата отпорност, секогаш наоѓајќи ја силата во единството. Изградбата на единството меѓу сите земји членки ќе биде мој главен приоритет кога ќе ја преземам функцијата во декември, истакна Кошта.

Тој додаде и дека ќе се фокусира на поставување на усвоената Стратешка агенда на ЕУ на вистинскиот пат и упати благодарност до Португалија и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса за поддршката за добивање на овој мандат.

Фон дер Лајен, исто така, изрази благодарност до лидерите на ЕУ за нејзината номинација за втор мандат како претседателка на Европската комисија.

Почестена сум и воодушевена што овој специјален момент можам да го споделам со мојот драг пријател Антонио Кошта, но исто така и со мојата драга пријателка Каја Калас, која ќе биде и потпретседателка на Европската комисија, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека сега очекува Европскиот парламент да го потврди нејзиниот избор, откако таа претходно пред европратениците ќе ги презентира своите политички насоки за следните пет години.

Изразувајќи благодарност за нејзината номинација за висока претставничка, Калас рече дека тоа за неа претставува огромна одговорност во време на геополитички тензии.

Има војна во Европа и растечка нестабилност на глобално ниво, кои претставуваат главен предизвик за европската надворешна политика. Моја цел е да работам на европското единство, заштита на европските интереси и вредности во геополитички контекст и на изградба на партнерства кои се многу важни во ова време, истакна Калас, додавајќи дека е подготвена да соработува и со земјите членки и со европските институции.

Таа изрази задоволство што ќе може да соработува со Фон дер Лајен и со Кошта, со кои, како што нагласи, ќе претставуваат одличен тим во остварување на целите на Европската унија.

Многу сум почестена и благодарна. Ова не е чест само за мене, туку исто така и за Естонија, која е членка на ЕУ 20 години, потенцира Калас.

Изборот на тројцата врвни функционери во Унијата беше извршен врз основа на договорот постигнат меѓу трите партиски групации од т.н. „проевропско“ мнозинство во Европарламентот, Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.