Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски ги продал хидроцентралите, министерката Божиновска поседува фирма во Чешка

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Мицкоскипоседуваше три мали хидроцентрали, една во Пехчевско и две во Беровско

Министерката Сања Божиновскапоседува компанија во Република Чешка

Сопругата на министерот за одбрана Владо Мисајловские сопственичка на фирма во Кисела Вода

Сопругот на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовскапоседува фирма во Скопје

Кристијан Трајчов

Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку години поседуваше три три мали хидроцентрали – една во Пехчевско и две во Беровско каде рече дека своевремено бил сопственик на 10% од вкупната инвестиција.

Некаде после две и пол години, Мицкоски рече дека подолго време не бил сопственик на мали хидроцентрали.

Јас веќе подолго време не сум сопственик и навистина не сум ниту директно, ниту индиректно поврзан со какви било производители на електрична енергија ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија, рече тој.

Во 2019 година излезе извештај на Bank Watch and World Wildlife Fund во кој се наведува дека професорот на Христијан Мицкоски, Кочо Анѓушев поседува најмалку 27 мали хидро електрани, додека неговиот асистент и тогашен лидер на опозицијата Мицкоски поседува најмалку 5 хидроелектрани.

Во неговата Влада пак сега, тројца министрi поседуваат компании.

Станува збор за министерката за енергетика рударство и минерални суровини Сања Божиновска, сопругата на министерот за одбрана Владо Мисајловски која е сопственичка на фирма во општина Кисела Вода, како и сопругот на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска кој поседува компанија во Скопје, покажува истражувањето на СКУП.

Министерката Божиновска поседува имот кој е во вкупна вредност од 547.234 евра.

Таа поседува два стана во Центар, земјоделски земјишта, два стана во Шпанија, еден во Србија и еден во Португалија. Божиновска има и моторно возило Нисан, средства на трансакциска сметка и девизни сметки во Чешка, Шпанија и Португалија.

Она што е предмет на анализа е компанијата која таа ја поседува во Република Чешка каде се појавува како основач. Името на фирмата е „Sustainable services с.р.о.“.

Исто така, со неа се поврзува и еден скандал. Во јавноста се појавија информации дека Божиновска има и бугарски пасош. Таа не ги демантираше тие наводи, туку објави дека од пред крајот на минатата година започнала постапка за испишување од бугарското државјанство, но таа сѐ уште не е завршена. Според наводите, бугарскиот пасош ѝ бил потребен за да управува со фирми во Бугарија.

Бугарскиот весник Фактор објави дека Сања Божиновска има компанија во Бугарија, каде во 2012 година направила обрт од 65 милиони евра. Во таа компанија се споменува и Вук Хамовиќ, бизнис партнер на Кочо Анѓушев во компанијата ЕФТ и потпретседател на Владата на Зоран Заев. Како што пишува Бугарски Фактор, Вук Хамовиќ е син на Раде Хамовиќ, еден од генералите на УДБА, југословенската тајна служба.

Што се однесува до министерот за одбрана Владо Мисајловски, тој поседува двор, станбена куќа, земјишта под зграда, градежно изградено земјиште, моторно возило АУДИ А6, трансакциски сметки, средства на кредитна картичка, кредит, лизинг, како и дозволени пречекорувања на трансакциски сметки. Вкупната вредност на неговиот имот изнесува 241.460 евра.

Воедно, неговата сопруга поседува компанија, поточно „Друштво за трговија и услуги Одредени медиуми за него пишуваа дека веднаш по изборите, купил моторно возило АУДИ кое вреди 30.000 евра.

Покрај Божиновска и Мисајловски, компанија поседува и сопругот на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Таа поседува два стана, нејзиниот сопруг има земјиште, поседува и трансакциска сметка, а нејзиниот сопруг поседува две сметки. Има и дозволено пречекорување на трансакциска сметка, кредитна картичка, лично таа има еден кредит, а нејзиниот сопруг два.

Со нејзиниот партнер имаат и полиса за животно осигурување, месечен закуп од 22.000 денари, а нејзиниот сопруг поседува и компанија „КФК ДООЕЛ Скопје“.

Текстот е сопственост на СКУП.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.