Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски го носеше украинското знаме

0
By Zoran Ivanov on August 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој гест на Мицкоски и високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во владата, за мене е големо и пријатно изненадување. Без шега и иронија. Дали е акт на вистинска и искрена политичка волја на Мицкоски или е само пи-ар, ќе покаже времето. Како тоа ќе се одрази врз интензитетот и формите на руската пропаганда во македонските медиуми, исто така, останува да се види.

Џабир Дерала

Владиниот врв, на чело со премиерот Мицкоски и првиот вицепремиер Меџити и неколку министри и високи функционери присуствуваа на одбележувањето на Денот на независноста на Украина во Скопје. Владиниот врв уредно и со почит присуствуваше од почетокот до крајот на церемонијата што започна кај споменикот на украинскиот големец Тарас Шевченко во Паркот Жена борец и заврши со пригодни говори кај Алејата Украина. Овој настан вообичаено привлекува голем број дипломати и поддржувачи на Украина.

Премиерот, вицепремиерот и министрите го носеа големото украинско знаме низ центарот на главниот град и стоеја под жешкото сонце во првиот ред на свеченоста во Алејата Украина. Да, добро прочитавте, и Мицкоски го носеше знамето на Украина низ центарот на Скопје. Тој и високите владини претставници со внимание ги проследија говорите, украинската и македонската химна, и со минута молк им оддадоа почит на жртвите на руската агресија против Украина. По церемонијата и говорите, предводени од претставниците на амбасадата на Украина, Мицкоски, Меџити и другите министри ја посетија изложбата на отворено, со слики и цртежи од децата од херојскиот Никопољ, што беше поставена на Алејата Украина.

Овој гест на Мицкоски и високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во владата, за мене е големо и пријатно изненадување. Без шега и иронија. Дали е акт на вистинска и искрена политичка волја на Мицкоски или е само пи-ар, ќе покаже времето. Како тоа ќе се одрази врз интензитетот и формите на руската пропаганда во македонските медиуми, исто така, останува да се види.

Од присуството на првиот вицепремиер Меџити не сум изненаден, бидејќи неговата отворена и силна поддршка за Украина е позната од порано, како во времето кога беше партиски функционер на ДУИ, така и подоцна, кога го формира Демократското движење. Тој беше еден од функционерите кој, заедно со градоначалникот на Чаир, Ганиу, го овозможи отворањето на Паркот Украина пред зградата на општината.

Северна Македонија е меѓу првите европски држави што ја поддржаа Украина уште од првиот ден на целосната руска агресија на 24 февруари 2022 година. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.