НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски ја научи првата лекција на реалната политика или мандатот е посладок од „Северна“ Зоран Бојаровски

0
By Zoran Ivanov on June 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавноста сведочеше, медиумите запишаа: „Мицкоски попушти, даде заклетва со уставното име“. Сето друго што беше кажано во неговите настапи во Собранието на седницата на која беше избрана нивата влада, како „срамната придавка“, „срамот“, „моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив“, „додека сум жив“, „неправда“, „капитулација“… Сето тоа е само политички маркетинг за да си го одржува рејтингот меѓу неговите гласачи.   

Зоран БОЈАРОВСКИ

Како што најавуваме, Мицкоски брзо научи една лекција од реална политикa – компромисот. Благодарение на таа лекција ставот „мое човеково право да ја нарекувам државата Македонија“, се претвори во компромисот, односно во единствената можна варијанта „како претседател, ќе ги почитувам уставот и законите“ и државата ќе ја именува како „Северна Македонија“.

„Не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем“, рече Мицкоски.

Јавноста сведочеше, медиумите запишаа: „Мицкоски попушти, даде заклетва со уставното име“.

Сето друго што беше кажано во неговите настапи во Собранието на седницата на која беше избрана нивата влада, како „срамната придавка“, „срамот“, „моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив“, „додека сум жив“, „неправда“, „капитулација“… Сето тоа е само политички маркетинг за да си го одржува рејтингот меѓу неговите гласачи.

А на неговите гласачи сега ќе им остане само сеќавање цврстиот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, мандатарот Христијан Мицкоски дека никогаш нема да ја користи придавката Северна кога во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21 на 16 април 2019, а и во серија јавни настапи што потоа следуваа, дека кога би бил премиер нема да го користи новото уставно име на Македонија дури и по цена „да му го одземат мандатот“.

„Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија, па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот“, рече Мицкоски запрашан за тоа како би постапувал доколку би ја водел идната македонска влада.

Да, така се добиваат избори, на ветувања што не можат да се исполнат. Но, кога сте на чело на владата, реалната политика не им верува на ветувањата, а уште помалку, односно, воопшто, на неисполнувањето на обврските. И ако тоа може да помине дома, локално, на националната сцена, не меѓународната едноставно – не поминува.

Тој став само предизвика сериозни негодувања, па дури и јасни пораки од нашите стратешки партнери дека името со кое државата се впиша во регистарот на државите и нациите, врз основа на Преспанскиот договор, како меѓународно верификувам документ во највисоките инстанци, мора да се почитува.

Сега Мицкоски и останатите во неговата влада, како човек може да биде несреќен. Несреќен е неговиот колега во Грција, Киријакос Мицотакис, но нивната несреќа, како лично човеково право, нема правни последици по иднината на државата.

Таа лична состојба, едноставно сега треба да остана во втор или трет план, и на првата нивна средба, која што се очекува да биде на 9 јули во Вашингтон, на Самитот на НАТО на кој ќе се одбележи 75 годишнината од формирањето на Алијансата, нема да има никакво значење на настан кој не е само церемонијален. Во време на исклучително поларизирана безбедносна состојба во светот и на самит кој се организира под наслов „Украина и трансатлантската безбедност“, никој нема намера да се занимава со личната состојба на Мицотакис и Мицкоски. Па дури и на маргините. Таа работа е завршена. Освен ако некој од овие двајца не мислат поинаку.

Штета и за жал, ќе останат запаметени изјавите на Мицкоски за „талибанско однесување“ и „хистерија“ за инсистирањето на Мицотакис да се почитува Преспанскиот договор со што отвори фронт со еден од најуспешните европски политичари.

Затоа сега е многу битно Мицкоски да сфати дека искуствата од оваа лекција можат да се применат и во вториот предизвик кој самиот си го постави. На седницата за избор на Владата, тој уште еднаш беше категоричен во однос на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, како чекор што ќе ги одблокира преговорите со ЕУ.

„Уште еднаш да ви појаснам дека ваков бугарски диктат под вакви околности додека сум јас премиер нема да помине и нема да има уставни измени треба тоа да ви е јасно“, рече Мицкоски и повторно заборави дека во политиката владее принципот „никогаш не вели никогаш“ и победува вин/вин компромисот.

Но, како и за употребата на уставното име на државата и за оваа тема е само прашање на време кога Мицкоски ќе сфати дека попречувањето на продолжувањето на преговорите со ЕУ и неизвесноста за иднината на државата во суштина е предавство на националните и државни интереси.

Да, навистина е прашање на време, ако се има предвид и оваа реалност со која што се соочува Мицкоски, дека преговорите се започнати, што се потврдува и во Програмата за работа на Владата на Северна Македонија (2024-2028).

Во неа, во делот „Приоритети во надворешната политика“ од 44 до 47 страница, е запишано дека „Владата ќе остане посветена на европската и евроатлантската безбедносна рамка и на целосната усогласеност на политиката на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и НАТО…“.

Уште повеќе Мицкоски, во предложената програма најавува дека значително „ќе се унапреди структурата на преговори“. Значи „ќе се унапреди“, а не ќе се „утврди“ или ќе се „постави“. И уште повеќе, Мицкоски го верефикува и признавањето на посебноста на македонскиот јазик од страна на ЕУ, нешто што постојано го негираше, и додава дека „ќе ги зајакне преведувачките и толкувачките капацитети за македонски јазик, со цел обезбедување на квалитетна поддршка во текот на пристапните преговори“.

Признание ем за започнати преговори, ем за прифаќањето на македонскиот јазик како автентичен идентитетски елемент на македонскиот народ.

Останува само времето до постигнувањето на компромис за уставните измени да биде колку што е можно покусо. Затоа што политичките последици се правопропорционални со времето потребно за постигнување компромис. Колку подолго време, толку потешки политички последици. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.